„Дајте му улога во Џон Вик“ - Хит мемиња од олимпиецот кој без опрема, со рака во џеб освои сребро во стрелање

Турскиот натпреварувач во стрелање со пиштол на 10 метри освои сребро на Олимписките игри без опремата што ја носат другите стрелци, а додека стрелаше, едната рака му беше во џеб.

olimpiec-od-turcija-stana-meme-bez-zashtitna-oprema-so-raka-v-dzheb-osvoi-srebro-vo-strelanje-dajte-mu-uloga-vo-john-wick-01.jpg

Турчинот Јусуф Дикеч (51) на годинешните Олимписки игри освои сребро во стрелање со пиштол на растојание од 10 метри.

Но, она што го прави импресивен не е само медалот, туку и неговата ладнокрвност за време на натпреварот.

olimpiec-od-turcija-stana-meme-bez-zashtitna-oprema-so-raka-v-dzheb-osvoi-srebro-vo-strelanje-dajte-mu-uloga-vo-john-wick-04.jpg

Кога стрелаат, натпреварувачите носат специјални очила кои го намалуваат одблесокот од рефлекторите. Истовремено, едното око обично им е покриено за подобро да фокусираат.

Тие носат и заштита на ушите, како слушалки, за да се заштитат од гласниот звук на пиштолот.

Но, за разлика од нив, единствената опрема што ја носеше Јусуф е маичката на која пишува „Турција“ и, секако, неговиот пиштол.

Тој истрела кон метата со едната рака во џеб и освои сребро.

olimpiec-od-turcija-stana-meme-bez-zashtitna-oprema-so-raka-v-dzheb-osvoi-srebro-vo-strelanje-dajte-mu-uloga-vo-john-wick-03.jpg

51-годишниот стрелец стана хит на Твитер, откако корисниците почнаа да споделуваат фотка од него.

„Турција испрати 51-годишен маж без специјални очила, заштита на очите или заштита на ушите кој освои сребро“, пишува на една од објавите.

Олимпијците имаат слобода да избираат каква опрема ќе носат додека стрелаат и подоцна се дозна дека Јусуф сепак имал тампони на ушите кои не се гледаат на виралната фотка.

Но сепак, ова не го прави неговиот настап помалку импресивен.

olimpiec-od-turcija-stana-meme-bez-zashtitna-oprema-so-raka-v-dzheb-osvoi-srebro-vo-strelanje-dajte-mu-uloga-vo-john-wick-02.jpg

На Твитер веќе се споделуваат шеги за талентираниот Турчин:

„Дали Турција испрати платен убиец на Олимписките игри?“

„Веднаш дајте му улога во John Wick“.

„Изгледа како да решил да се натпреварува на Олимпијада утрово кога се разбудил“.

Некои почнаа да споделуваат и мемиња:

„Господин Јусуф излегол на прошетка, а се вратил со медал“

Јусуф на постерот за играта Red Dead Redemption II

„Сигурно ќе освоеше злато ако му дозволеа да си запали цигара додека стрела“

„Јусуф Дикеч се враќа во Турција“

„Како жените се пакуваат за патување vs. како се пакуваат мажите“

„Google Sheets vs. Excel“

„Како Јусуф тренирал за Олимпијада“

„На моите деца ќе им кажам дека ова се Avengers“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Маратонецот Дарио Ивановски со развиорено знаме помина на целта - Олимписката трка ја заврши на 69-т... Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со в...
Македонско девојче: Илина Соколовска освои злато во Бундеслига Македонското девојче Илина Соколовска повторно постигна неверојатен успех! На ст...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...
Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпозна... Симон Бајлс има освоено осум олимписки медали, од кои пет се златни, но вели дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg