Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпознатата гимнастичарка во светот

Симон Бајлс има освоено осум олимписки медали, од кои пет се златни, но вели дека откако ќе ја заврши кариерата како гимнастичарка, сака да си најде „вистинска работа“. Што знаеме за најнаградуваната гимнастичарка во светот?

dedo-ja-posvoil-bidejkji-majka-bila-alkoholichar-visoka-e-142-cm-fakti-za-simon-bajls-najpoznatata-gimnasticharka-vo-svetot-0_copy.jpg

Во вторникот (30.07), американската гимнастичарка Симон Бајлс освои злато на Олимписките игри.

Симон веќе важи за најнаградуваната гимнастичарка во светот и во нејзината кариера има освоено вкупно 38 медали на светски првенства и Олимписки игри.

Со победата на годинешните Олимписки игри, Симон има освоено вкупно осум олимписки медали, од кои дури пет се златни.

27-годишната гимнастичарка неколку години наназад го привлекува вниманието на јавноста не само со талентот, туку и со нејзиниот шарм.

Во продолжение, неколку факти за талентираната Симон:

Покажувала интерес за гимнастика уште како дете

Симон уште од најрана возраст изведувала акробации по дома, а почнала да се занимава со гимнастика на 6-годишна возраст.

Има изјавено дека се вљубила во спортот откако од градинка ги однеле во теретана и видела гимнастичари кои вежбаат.

Набрзо потоа, почнала да тренира и таа.

dedo-ja-posvoil-bidejkji-majka-bila-alkoholichar-visoka-e-142-cm-fakti-za-simon-bajls-najpoznatata-gimnasticharka-vo-svetot-01.jpg

Дедо ѝ ја посвоил на 6-годишна возраст

Симон е родена во 1997 година во Охајо. Нејзината биолошка мајка имала проблеми со алкохолизам, а Симон никогаш не го запознала татко ѝ.

Поради зависноста на мајка ѝ, Симон, заедно со трите браќа и сестри, била однесена во дом за сираци.

За среќа, други членови од семејството истапиле.

Па, кога Симон имала 6 години, таа и нејзината помала сестра биле посвоени од нивниот дедо.

Постарите брат и сестра на Симон биле посвоени од нивна тетка.

dedo-ja-posvoil-bidejkji-majka-bila-alkoholichar-visoka-e-142-cm-fakti-za-simon-bajls-najpoznatata-gimnasticharka-vo-svetot-02.jpg

Се натпреваруваше на Олимписките игри во Рио, а потоа во Токио

Симон првпат се натпреваруваше на Олимписки игри во 2016 година.

Тогаш освои три медали – два златни како индивидуален натпреварувач и уште еден златен како дел од гимнастичарскиот тим на САД.

На Игрите во Токио во 2020-та, Симон освои сребрен и бронзен медал.

Тогаш се предвидуваше да победи во повеќе категории, но се повлече од неколку натпревари поради проблеми со здравјето.

На Олимписките игри во Париз 2024, освои еден златен медал, a треба да се натпреварува во уште три категории.

dedo-ja-posvoil-bidejkji-majka-bila-alkoholichar-visoka-e-142-cm-fakti-za-simon-bajls-najpoznatata-gimnasticharka-vo-svetot-0.jpg

Висока е 142 сантиметри

Кога се натпреваруваше на Игрите во Рио, Симон беше најнискиот олимписки натпреварувач за таа година.

Годинава има понизок натпреварувач од Симон, но таа сепак важи за една од најниските гимнастичарки во светот.

dedo-ja-posvoil-bidejkji-majka-bila-alkoholichar-visoka-e-142-cm-fakti-za-simon-bajls-najpoznatata-gimnasticharka-vo-svetot-0_2.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин... Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...
Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар... Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Маратонецот Дарио Ивановски со развиорено знаме помина на целта - Олимписката трка ја заврши на 69-т... Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg