Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпознатата гимнастичарка во светот
И нејзината помлада сестра е гимнастичарка
Помладата сестра на Симон, која била посвоена од дедо ѝ, е исто така гимнастичарка.
Сестра ѝ се вика Адрија и 10-тина години одела на натпревари, но во 2016 година решила да се откаже од спортот.
Работи со истиот тренер од 8-годишна возраст
Околу две години откако Симон почнала да тренира гимнастика, била забележана од тренерката Ејми Бурман.
Дотогаш Ејми немала соработувано со врвни професионалци, но Симон вели дека токму тоа било мотивација и за двете.
„Заедно учевме. Мислам дека ни помогна бидејќи и двете не знаевме што треба да правиме на почетокот“, има изјавено Симон.
Сака да си најде и друга работа, освен гимнастиката
Иако Симон е најпознатата гимнастичарка во светот, вели дека е свесна дека оваа кариера нема да трае долго.
Сепак, гимнастичарите имаат релативно кратка кариера поради напорните тренинзи.
А, Симон вели дека кога ќе се откаже од спортот, сака да работи и нешто друго.
„Гимнастиката е само еден дел од мојот живот и се забавувам што е можно повеќе.
Но, кога-тогаш ќе треба да си најдам и вистинска работа“, има изјавено.
Има АДХД
Во 2016 година, по хакерски напад, во јавност протекоа медицинските документи на олимписките натпреварувачи.
Со тоа се дозна и дека Симон има АДХД (синдром на дефицит на внимание и хиперактивност).
Тогаш таа се огласи на Твитер:
„Тоа што имам АДХД и пијам лекови за нарушувањето не е нешто од коешто треба да се срамам и не се плашам што луѓето знаат“.
Спирова С. | Црнобело