Златни момци! Нашите кошаркари до 18 години се европски шампиони - 8 натпревари без пораз во Скопје

Горди сме на нашите момци - кошаркарите до 18 години го освоија првото злато во историјата на македонската кошарка на европските натпреварувања. 

zlatni-momci-nashite-kosharkari-do-18-godini-se-evropski-shampioni-odigraa-8-natprevari-bez-poraz-vo-skopje-01.jpg

Македонските кошаркари вчеравечер (04.08) ја освоија првата титула на Европско првенство и со тоа испишаа историја во домашната кошарка.

Кошаркарите до 18 години го освоија златото во Б-дивизија и тоа без пораз на 8 натпревари.

zlatni-momci-nashite-kosharkari-do-18-godini-se-evropski-shampioni-odigraa-8-natprevari-bez-poraz-vo-skopje-16.jpg

zlatni-momci-nashite-kosharkari-do-18-godini-se-evropski-shampioni-odigraa-8-natprevari-bez-poraz-vo-skopje-13.jpg

На шампионатот што се играше во Скопје изминатите неколку дена, тие доминираа на секој натпревар, а во финалето ја победија Австрија сo 98:88 и го завршија првенството без пораз.

Со оваа титула, тие се пласираа во А-дивизијата и обезбедија настап на следното Европско првенство, што ќе се игра во Србија.

zlatni-momci-nashite-kosharkari-do-18-godini-se-evropski-shampioni-odigraa-8-natprevari-bez-poraz-vo-skopje-14.jpg

zlatni-momci-nashite-kosharkari-do-18-godini-se-evropski-shampioni-odigraa-8-natprevari-bez-poraz-vo-skopje-12.jpg

Интересно е што ова е прво злато на некоја македонска репрезентација во натпреварувањата на ФИБА, без оглед дали се работи за А или Б дивизија.

Нашиот капитен Никола Јаничиќ, кој вчера постигна 30 коша, беше прогласен за најдобар играч на првенството, а оваа титула му ја доделија селекторите на сите 22 земји-учеснички на првенството.

zlatni-momci-nashite-kosharkari-do-18-godini-se-evropski-shampioni-odigraa-8-natprevari-bez-poraz-vo-skopje-15.jpg

zlatni-momci-nashite-kosharkari-do-18-godini-se-evropski-shampioni-odigraa-8-natprevari-bez-poraz-vo-skopje-10.jpg

Во својот скор тој впиша и 5 скока, 4 асистенции, 4 освоени и 3 загубени топки.

Освен Јаничиќ, во идеалните пет кошаркари на првенството се најде уште еден наш кошаркар, Марко Луканоски.

zlatni-momci-nashite-kosharkari-do-18-godini-se-evropski-shampioni-odigraa-8-natprevari-bez-poraz-vo-skopje-07.jpg

zlatni-momci-nashite-kosharkari-do-18-godini-se-evropski-shampioni-odigraa-8-natprevari-bez-poraz-vo-skopje-04.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин... Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...
Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар... Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg