Ја нарекуваат новата Дилета Леота - Која е згодната Италијанка по која „полудеа“ спортските фанови?
- Детали
- сабота, 29 март 2025
Таа навива за Интер, иако е во врска со фудбалер на Торино, спортските фанови полудеа по неа, а ја нарекуваат новата Дилета Леота – која е згодната италијанска спортска презентерка?
Елеонора Инкардона е 33-годишна Сицилијанка, која „влезе“ во домовите на сите Италијанци, благодарение на нејзината улога на дописник за спортската платформа DAZN.
Таа е голем спортски фан, посебно на фудбалот, па ужива додека пренесува новости директно од теренот, а тоа што секогаш изгледа совршено од глава до пети и бира провокативни аутфити, направи да не помине незабележано на ниту едно нејзино појавување.
Заради работата како спортски новинар и презентер, но и прекрасниот изглед и популарноста на социјалните мрежи, многумина веќе ја нарекуваат новата Дилета Леота, која долго важеше за една од најубавите спортски презентерки.
Што знаеме за Елеонора?
Родена е во 1991 во Киарамонте Гулфи на Сицилија, а по завршувањето на средното образование, се преселила во Милано за да дипломира право, следејќи ја семејната традиција.
Сепак, животот ја однел во друга насока и продолжила со кариера како модел и во 2010 учествувала на Мис Италија.
Потоа манекенските води ја довеле до ТВ екраните, па спортската кариера ја започнала во телевизијата Sportitalia, а сега ужива во својата работа како спортски презентер и водител.
Елеонора е страстен навивач на фудбалскиот клуб Интер, но свршена е со Самуеле Ричи, кој игра во Торино.
За време на фудбалски натпревари помеѓу овие два клуба, таа вели дека се воздржува од навивање, бидејќи има конфликт на интереси.
„Многу сум среќна со него. Го запознав во еден од најкомплицираните периоди во мојот живот. Размислував само на работата за да си ги оттргнам мислите од сè останато.
Но наместо тоа, ја запознав најпрекрасната личност, која е принципиелна, има силни вредности и со која делам исти ставови за семејството и традицијата, бидејќи јас сум старомодна девојка“ – изјавила таа за италијанските медиуми.
Интересно е што во минатото, таа била и вистински на некој начин поврзана со Дилета Леота, бидејќи била во долга врска со нејзиниот полубрат Мирко Манола.
Прекрасната Италијанка е многу популарна и на социјалните мрежи, па работи и како инфлуенсер и рекламира луксузни брендови.
Погледнете повеќе фотки од неа:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





