Која е девојката на Ламин Јамал: Има над 330.000 следбеници на ТикТок, ја славеше титулата со неговото семејство
- Детали
- вторник, 16 јули 2024
Се гушкаат на теренот, прават селфи и таткото на фудбалерот го фотографираше заљубениот пар. Која е Алекс Падиља, девојката на 17-годишниот Ламин Јамал?
По победата на Шпанија во финалето на Европското првенство 2024, најмладиот играч во репрезентацијата, Ламин Јамал, привлече големо внимание.
Тој ја прослави победата со родителите и малото братче, а на теренот со нив беше и младата Алекс Падиља, за која шпанските медиуми веќе некое време пишуваат дека му е девојка на Ламин.
Тие се гушкаа на теренот, си правеа селфи фотки, а неколку фотографии од заљубениот пар направи и таткото на фудбалерот, Мунир Насруи.
По ова, веќе немаше дилема дека Ламин и Алекс се во врска, а ја открија само еден ден по неговиот 17-ти роденден (роден е на 13.07).
Шпанските медиуми пишуваа дека Алекс присуствувала на неколку натпревари на репрезентацијата во текот на Првенството, а не само на финалето, и дека секогаш седела заедно со семејството на нејзиниот дечко.
Сепак, за неа не се знае многу...
Која е девојката на Лемин Јаман?
Алекс е студентка, која живее и учи во Барселона.
И покрај шпекулациите на неколку шпански медиуми дека е неколку години постара од нејзиниот дечко, тие се на приближно иста возраст, а Алекс е околу една година постара од Јамал.
Активна е на ТикТок, каде што има преку 330.000 следбеници.
Неколку илјади од нив се нови, а ја заследија откако медиумите ги објавија фотографиите од неа и Ламин по победата на Шпанија.
Нејзиниот дечко, пак, иако има ТикТок, не е многу активен на оваа социјална мрежа.
Тој има 8.5 милиони следбеници, а следи само двајца - Алекс е едната од нив.
Откако медиумите почнаа да пишуваат за нејзината врска со фудбалерот, таа го деактивира својот профил на Инстаграм.
Падиља, наводно, не сака да го експонира приватниот живот во јавноста, па пред да го избрише профилот, го сменила корисничкото име за да се скрие.
Сепак, се чини дека има добар однос со родителите на Јамал, бидејќи постојано беше покрај нив на првенството.
„Јамал има одобрување од родителите, ним им се допаѓа девојката“, пишуваат медиумите.
А. Ј. | Црнобело