Кога на 17 години стануваш првак на Европа и радоста ја делиш со твојот помал брат (видео)
- Детали
- понеделник, 15 јули 2024
Видеото на кое Ламин Јамал го држи во раце своето бебе братче и му дава да си игра со трофејот кој го доби за најмлад стрелец на Европските првенства, го обиколи светот и ги разнежи фудбалските фанови.
Ламин Јамал, 17-годишниот фудбалер на FC Barcelona и на шпанската репрезентација, синоќа (14.07) со својот тим стана шампион на Европа во фудбал за 2024 година.
Откако асистираше за гол во финалето, тој го крена шампионскиот пехар со сите шпански фудбалери и долго по завршувањето церемонијата, остана на теренот за да прослави.
Покрај Ламин, на теренот беа и неговата мајка, татко му и 2-годишниот брат Кејни, но и неговата девојка, шпанската тик-токерка Алекс Падиља.
Сепак, видеото на кое Ламин го држи во раце своето мало братче и му дава да си игра со трофејот кој го доби како најмлад стрелец на Европските првенства (откако на 16 години даде гол на натпреварот со Франција), го обиколи светот и ги разнежи фудбалските фанови.
„Кога на 17 години стануваш првак на Европа и радоста ја делиш со твојот помал брат“, стои во коментарите.
Погледнете го видеото и фотографии од прославата на Ламин со семејството и соиграчите:
Прочитајте и На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин Јамал?
А. Ј. | Црнобело