Често менува партнери, мажите лудуваат по неа – Што знаеме за Дилета Леота, најзгодната спортска презентерка?
- Детали
- петок, 29 октомври 2021
Италијанката Дилета Леота (29) важи за најзгодната спортска презентерка во светот, а неодамна беше во фокусот на јавноста по вестите за раскинувањето на свршувачката со турскиот актер Џан Јаман (31).
Дилета и Џан ја официјализираа врската на почетокот на оваа година, за само во октомври италијанската презентерка да открие дека раскинале:
„Сè беше брзо и убаво. Сепак комплицирано е кога ќе се вљубиш во толку познат маж и да ја направиш пресметката за сите овие работи.
Сакам да бидам искрена, но зад екраните постои реален живот и навистина беше тешко да ја сочуваме приватноста.“ – вели таа.
Дел од медиумите тврдеа и дека нивната врска била исценирана за јавноста, но таа ги отфрли ваквите тврдења и рече дека тие мошне ја повредиле.
Прочитајте и Има македонско потекло, бил правник – Кој е „Романтичарот“ од истоимената турска хит-серија? (фото)
Но, што знаеме за Дилета Леота, прочитајте во продолжение:
Во јавноста е позната само како Дилета Леота, но нејзиното вистинско име е Џулија Дилета Леота, родена во 1991-ва година.
Таа важи за една од најзгодните спортски презентерки, но Дилета по професија е правник.
Кариерата ја започнала слично како повеќето презентерки - прво била метео-девојка во локална телевизија.
Во минатото била избрана за „Мис Елеганција“ во изборот за „Мис Италија“, а во 2018-та се врати како презентерка.
Светската слава ја стекнува откако почнува да работи за Sky Sports, каде работеше со повеќе познати телевизиски личности.
За Дилета се знае дека во минатото била во петгодишна љубовна врска со непознат маж, со кого требало да стапи во брак во јануари 2020-та година, но поради непознати причини тие се разделиле во јуни 2019-та година.
Уште 6 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





