Надал го одигра последниот меч во кариерата и се збогува со емотивен говор: „Сакам да ме помните како добар човек од мало село во Мајорка“

Откако го изгуби својот последен меч, Рафаел Надал одржа емотивен говор со кој им се заблагодари на фановите, тимот и семејството, но и ја покажа својата скромност.

nadal-go-odigra-posledniot-mech-vo-karierata-i-se-zboguva-so-emotiven-govor-sakam-da-me-pomnite-kako-dobar-chovek-od-selo-na-majorka-01.jpg

Рафаел Надал ја заврши блескавата 20-годишна кариера, откако го изгуби мечот во Дејвис Купот.

38-годишниот тенисер играше за Шпанија и изгуби против Холандија, а крајот на кариерата го одбележа со емотивен говор.

За тоа дали е задоволен од крајот на кариерата, тој изјави:

„Не, задоволувачки е да му дадеш поен на тимот. Но, ова не се случи, го изгубив мојот меч.

Но, во овој миг до мојата кариера, не можам многу да се жалам. Го дадов најдоброто од себе, пробав да уживам и да играм со вистинската енергија. Едноставно, не успеав.

На некој начин добро е што ова беше мојот последен натпревар – го изгубив мојот прв меч на Дејвис Купот, а го изгубив и последниот. Па, го затворив кругот“.

На тенискиот терен се одржа церемонија во чест на познатиот тенисер, а Надал ја искористи можноста да му се заблагодари на семејството, на тимот, но и на бројните фанови од Шпанија кои го следеа натпреварот.

nadal-go-odigra-posledniot-mech-i-se-penzionira-so-emotiven-govor-sakam-da-me-pomnite-kako-dobar-chovek-od-selo-na-majorka-04.JPG

„Имав 20-годишна професионална кариера во која вие ме водевте низ добрите времиња и лошите, и ме туркавте да продолжам да играм…

Сакам да ѝ честитам на Холандија и да му се заблагодарам на целиот шпански тим што е овде, што ми дозволи повторно да играм во Дејвис Купот, што не помина како што сите сакавме. Го дадов најдоброто од себе.

Поминав многу важни моменти од кариерата со оние кои се овде, беше привилегија. Постигнавме бројни убави нешта и сега вам ви е редот да продолжите...

Вистината е дека никогаш не сакате да стигнете до оваа точка. Јас не сум уморен од играње тенис, но моето тело повеќе не сака да игра, и морам да го прифатам тоа.

Се чувствувам привилегирано затоа што долго време моето хоби ми беше професионална кариера“.

nadal-go-odigra-posledniot-mech-i-se-penzionira-so-emotiven-govor-sakam-da-me-pomnite-kako-dobar-chovek-od-selo-na-majorka-03.JPG

На видеобимот беше прикажано видео со инсерти од кариерата на тенисерот, но и говори во негова чест од страна на Федерер, Ѓоковиќ, Бекам, Серена Вилијамс…

Додека ги слушаше говорите, Надал едвај ги додржуваше солзите.

„Титулите, бројките се овде, па луѓето сигурно веќе ги знаат. Но, повеќе би сакал да бидам запомнет како добра личност од мало село во Мајорка.

Имав среќа што чичко ми беше тениски тренер во моето село кога бев мал и што имав прекрасно семејство кое можеше да ме поддржува.

Само дете кое ги следеше своите соништа, работеше напорно за да стигне каде што сум денес...

Но, многу луѓе го даваат најдоброто од себе, секој ден. Јас имав многу среќа во животот, имав можност да живеам, доживеав незаборавни искуства поради тенисот.

Сакам да бидам запомнет како детето кое постигна повеќе отколку што сонуваше“, додаде тенисерот.

nadal-go-odigra-posledniot-mech-i-se-penzionira-so-emotiven-govor-sakam-da-me-pomnite-kako-dobar-chovek-od-selo-na-majorka-02.JPG

Во продолжение видео од церемонијата во чест на пензионирањето на Надал:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ... Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр...
Шампањ, факели и српска музика во луксузен ресторан – Како ја прослави Новак Ѓоковиќ победата во Пар... Со шампањ, факели и патриотска српска песна Новак Ѓоковиќ среде Париз го прослав...
Контроверзии за боксерскиот меч на Мајк Тајсон и Џејк Пол + најсмешните мемиња Откако Џејк Пол го победи Мајк Тајсон во боксерски натпревар, многумина излегоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg