Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата
- Детали
- вторник, 28 мај 2024
Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи загубата на нејзиниот сопруг, а посебно внимание привлече нивниот син кој внимателно го следеше татко му од трибините.
Синоќа (27.05) Рафаел Надал го одигра мечот против Александар Зверев во рамки на турнирот French Open во Париз.
Шпанскиот тенисер кој неодамна најави дека планира да се пензионира, не успеа да извојува победа над Александар Зверев.
Во публиката, посебно внимание привлече неговата сопруга Марија Циска Перељо (35) која внимателно го следеше мечот заедно со нивното 19-месечно синче Рафаел Надал Перељо.
На фотките објавени во странските медиуми и на социјалните мрежи може да се види како малото бебе внимателно го следи мечот на татко му, а во еден момент беше фотографиран и со мал тениски рекет во рацете.
Иако многумина се надеваа на победа на Надал, откако тој минатиот месец мораше предвреме да се откаже од турнирот во Монте Карло заради повреда, сепак среќата не го послужи, па натпреварот го заврши со пораз.
Во својот емотивен говор пред публиката, Рафа рече дека сè уште не е сигурен дека ова ќе биде последен пат да настапува на теренот каде што со години наназад доминираше.
„Навистина ми е тешко да зборувам за иднината. Постојат големи шанси да не се вратам на Ролан Гарос, но не можам да потврдам стопроцентно.
Уживам во моментов, патувам со семејството и моето тело се чувствува подобро“ – рече Надал.
Рафа се надева дека ќе се врати во Париз за време на Олимпијадата и ќе има уште една шанса да извојува победа.
На социјалните мрежи се споделуваат и фотките на кои неговата сопруга со солзи во очите го проследи мигот кога тој го загуби натпреварот.
Во продолжение погледнете уште неколку фотки од сопругата и синот на Надал:
Б. С. Б. | Црнобело