Скандал со допинг, љубовен триаголник со Серена Вилијамс: Каде исчезна Марија Шарапова и што прави денес?
- Детали
- вторник, 08 април 2025
Марија Шарапова се држи настрана од јавност, но неделава се појави на церемонија во Холивуд. Русата коса ја заменила со својата природна боја, а најмногу внимание привлече нејзината висина. Кариерата на тенисерката ја одбележаа бројни успеси, но и 15-месечна суспензија поради допинг.
Откако ја заврши тениската кариера, Марија Шарапова главно се држи настрана од јавност.
Марија соопшти дека ќе се пензионира пред пет години и оттогаш е реткост да ја видиме некаде.
Но, во понеделникот (07.04) поранешната тенисерка присуствуваше на церемонија за поставување ѕвезда на Булеварот на славните.
Церемонијата беше за нејзината колешка – тениската икона Били Џин Кинг.
37-годишната Марија е со целосно променет имиџ и наместо руса коса, сега ја носи својата природна.
Сепак, она што привлече најмногу внимание на церемонијата е нејзината висина.
На фотографиите од церемонијата, Марија е значително повисока од сите присутни.
Единствено повисок е тенисерот Меџик Џонсон, но и тој не ѝ „бега“ за многу.
Некогашната тенисерка носи и штикли, но нејзината висина од 188 сантиметри сепак е очигледна.
Иако денес главно се држи настрана од јавност, низ годините и Марија се соочуваше со по некој скандал.
Што се случуваше со тенисерката и што прави денес?
Марија ја почнала тениската кариера благодарение на татко ѝ.
Дел од детството поминала во рускиот град Сочи, но на 6-годишна возраст татко ѝ ја однел во Флорида за да тренира тенис.
Неговата желба била да ја претвори во тениска ѕвезда и бил мошне строг – ја терал да тренира секој ден и никако не ѝ дозволувал да покаже слабост, без разлика колку тешки биле тренинзите.
„Татко ми веруваше дека дисциплината и строгоста ќе ме направат посилна, и можеби ме направија. Но, понекогаш посакував само да ми биде татко“, има изјавено Марија.
Тој бил толку строг што не ѝ дозволувал ни да прослави роденден.
Татко ѝ продолжил да ја тренира и откако професионално почнала да се занимава со тенис.
Високите очекувања од татко ѝ ѝ создале вид нарушување во исхраната, па на врвот на кариерата, Марија јадела само двопек и протеински шејк кога се натпреварувала.
Тоа што само на 17-годишна возраст победи на Вимблдон дополнително ѝ создавало притисок.
Но, Марија се соочи со скандал во 2016-та, кој резултираше со суспензија.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





