Девојче во скопско училиште танцува во инвалидска количка, со Сузана Турунџиева (видео)
- Детали
- понеделник, 08 ноември 2021
„Кога мојата ученичка Дени седна во прва клупа и ме праша: Наставничке, дали денеска може јас да танцувам, по не знам кој пат сфатив дека не постои пречка која може да ја спречи и дека таа е најголемата хероина во мојот живот...“, пишува Сузана Турунџиева во описот на емотивното видео.
Водителката и писателка Сузана Турунџиева е позната како жена со големо срце. Таа не се штеди себеси кога станува збор да се биде хуман, да се помогне некому и да се разубави животот некому.
Па, таква е и сцената од која објави видео на својот Фејсбук профил.
Таа на девојче во инвалидска количка му помага да танцува.
„Постојат многу видови на танци, ама најмногу ги сакам оние кога танцува срцето...
Кога мојата ученичка Дени на часовите по Танци и ора седна во прва клупа и ме праша: Наставничке, дали денеска може јас да танцувам, по не знам кој пат сфатив дека не постои пречка која може да ја спречи и дека таа е најголемата хероина во мојот живот: полна со љубов, добрина, човечност и музика.
Дени, златно наше девојче, ти благодариме што си наша гордост, наша Гоцевка!“, напиша Сузана.
Постојат многу видови на танци, ама најмногу ги сакам оние кога танцува срцето❤🎶💃... Кога мојата ученичка Дени на...
-->-->Posted by Suzana Turundzieva on Monday, November 8, 2021
С. С. | Црнобело