Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи
- Детали
- петок, 26 јануари 2024
Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во абаја, традиционална арапска облека за жени, а и шминката ѝ беше во арапски стил, со темен креон на очите, за тие да дојдат до израз кога ѝ е покриено лицето.
Пејачката Сузана Гавазова, која со семејството во јануари беше на летување на Тајланд, одморот го продолжи во Дубаи.
Таа веќе неколку дена објавува фотографии и видеа од времето поминато таму. Па, откри дека била на плажа, се прошетала во најголемиот трговски центар во светот - Dubai Mall, а со сопругот и ќерките ја гледале и „играта“ на фонтаната под Бурџ Халифа.
Со семејството беше и на тура во пустина.
Оттаму Гавазова објави видеа на својот Инстаграм во кои танцува боса на пустинските дини облечена во абаја, традиционална арапска облека за жени.
И шминката ѝ беше во арапски стил, со темен креон на очите, за тие да дојдат до израз кога ѝ е покриено лицето.
Пејачката не крие дека одлично се забавува на одморот.
Пред да замине на Тајланд, од каде што дојде во Дубаи, таа имаше бројни настапи, но околу празниците откри дека ѝ е потребен одмор и дека наскоро повторно ќе се врати на своите музички настапи.
Прочитајте и Сузана Гавазова среде јануари ужива на Тајланд: Бакнува диви животни, присуствува на традиционална свадба
A. J. | Црнобело