Сузана Гавазова среде јануари ужива на Тајланд: Бакнува диви животни, присуствува на традиционална свадба
- Детали
- четврток, 18 јануари 2024
Додека кај нас е студено, Гавазова ужива на плажа, пие млеко од кокос, со сопругот ги одведоа ќерките да јаваат слонови, а таа објави и видео како гали и бакнува диви животни.
Пејачката Сузана Гавазова среде јануари замина на одмор на Тајланд со семејството.
Таа ужива во топлото време и убавините на островот со сопругот Јасмин и ќерките Емили и Селена.
Пејачката не пропушта можност да објави и по некоја фотка и видео и да им покаже на своите следбеници на Инстаграм како се забавува.
Па, додека кај нас е студено, таа ужива на плажа и во базен, пие млеко од кокос, а откри и дека присуствувала на традиционална тајландска свадба која се одржувала во ресортот во кој се сместени.
Со сопругот ги одведоа ќерките и да јаваат слонови, а Сузана објави и видео на Инстаграм Стори како гали и бакнува диви животни.
Одморот на Гавазова доаѓа по напорниот празничен период, кога пејачката скоро секоја вечер имаше настап, а беше гостинка и во многу телевизии и нивните новогодишни програми.
Пред да замине на Тајланд, таа преку Инстаграм најави дека оди на заслужен одмор и дека по враќањето ќе продолжи со настапите во земјава, но и низ регионот.
Повеќе фотки од одморот на пејачката:
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм