Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон за пораки
- Детали
- понеделник, 01 јули 2024
Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, пушта бели гулаби за среќа, децата скокаат на замок и ги забавуваат маскоти, а целата декорација е со тема еднорог.
Фрида од Скопје, која е позната како мини модна ѕвезда на Инстаграм, го прослави својот 5-ти роденден.
Во ресторан во Скопје на отворено, за нејзината роденденска прослава, декорацијата беше со тема еднорог.
Просторот беше декориран со тунел од балони како виножито, а за најмалите се поставени ниски маси со перници на земја, украсени со балони и салфетки во форма на еднорог.
За забава на децата, во дворот има и замок за скокање, исто така украсен со балони, но ги забавуваа и маскоти.
Итересен детаљ е и катчето со ретро телефон до кој пишува:
1. Крени ја слушалката и почекај го звучниот сигнал;
2. Остави порака за Фрида;
3. Спушти го телефонот и уживај во забавата!
Славеничката пуштила и бели гулаби за среќа, а облечена во бело фустанче, со плетенки во косата, изгледа преслатко и пресреќно на својата раскошна роденденска забава.