Сузана Гавазова направи тематска „Барби“ забава за роденденот на ќерката, покрај езеро
- Детали
- понеделник, 08 април 2024
„Ти си ми сè“ – ѝ порача пејачката Сузана Гавазова на ќеркичката Емили. По повод нејзиниот роденден, Сузана и сопругот Јасмин направија тематска „Барби“ забава покрај езеро, со голем број балони и секако со препознатливата кутија за фотографирање.
Фолкерката Сузана Гавазова викендов (06.04) го прослави 10-тиот роденден на ќерката Емили, а како што може да се види од објавените фотографии и видеа, тие приредиле тематска „Барби“ забава на брегот на Дојранското Езеро.
Просторот беше уреден со голем број розови балони во различни нијанси, диско топки и секако, „Барби“ кутија за фотографирање.
Ќерката Емили, која го прослави 10-тиот роденден била облечена во виолетов долг фустан, а мајка ѝ пак гордо позираше со неа во бел фустан и бела шапка.
На својот Инстаграм профил, Сузана упати емотивна порака до ќерката па напиша:
„Замисли нешто најубаво, најслатко, додај на тоа бесконечност, прошири го со вечност и украси го со ѕвезди.
Само тогаш ќе знаеш што ти посакувам, Среќен 10-ти роденден ќеркичке наша, да си ни жива и здрава! Те сакаме наша Емили“.
На крајот забавата заврши со спектакуларен огномет, а Сузана објави видеа од него на Инстаграм Стори и напиша:
„Среќен роденден Емили, ти си ми сè!“
За потсетување, Сузана Гавазова е во брак со сопругот Јасмин, кого го запозна додека живееше во Шведска. Тие двајца во последните години живеат во Македонија, заедно со двете ќерки.