Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 6-иот роденден со тема „Catwoman“ и 750 балони (фото)
- Детали
- четврток, 12 септември 2024
За роденденската декорација биле искористени 750 балони, неколку принтани и персонализирани позадини, светкав ѕид, стаклена кутија, лажен дијамант, кристали, кристален лустер, лилјаци, црни мачки итн.
Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни 6 години. Пејачката и водителот ѝ направија тематска забава инспирирана од филмот „Catwoman“ (Жена-мачка).
Перо Митаноски, кој беше задолжен за изработка на декорацијата за роденденот, за CRNOBELO.com вели:
„Ми се јави Сара пред десетина дена и ми ја кажа темата, отворив Пинтерест, но не најдов ниту еден роденден на таа тема, па решив сам да го смислам, но секако во договор со неа и секако славеничката Илина.
Така се роди идејата за крадливката Catwoman и скапоцениот дијамант.
Искористивме 750 балони, 5 принтани и персонализирани позадини, светкав ѕид, стаклена кутија, лажен дијамант, кристали, кристален лустер, лилјаци, црни мачки итн.
Сакав на прв поглед да се добие чувство како да се наоѓате во стрип.
По неколку часа работа, шестиот роденден на Илина го доби конечниот изглед“.