Спасени животи, спортски успеси – убави моменти по кои Македонците ќе ја помнат 2021

Добрите луѓе им приредија неколку изненадувања на дечињата од Детската клиника во Скопје, наш теквондист освои сребро на Олимписките игри и беа направени четири успешни трансплантации на срце - 2021-ва изобилува со прекрасни моменти на кои вреди да се потсетиме. 

transplantacii-na-organi-sportski-uspesi-humanost-ubavi-momenti-po-koi-kje-ja-pomnime-2021-godina-01 (2).jpg

Иако се надевавме дека досега ќе помине, пандемијата ја одбележа и 2021 година, но тоа не значи дека изминативе 12 месеци не се случија и некои убави нешта.

Помеѓу целиот страв и неизвесноста, 2021 година ја одбележаа и многу прекрасни моменти кои се случија кај нас и кои за миг ни ја вратија радоста, како и вербата во човештвото.

Добрите дела на хуманите Македонци, неколкуте трансплантации на органи во болниците во Македонија и бројните успеси на македонските спортисти се само дел од убавите настани по кои ќе ја помниме оваа година.

Убави моменти за кои пишувавме во 2021-ва на CRNOBELO.com - се потсетуваме на нив:

1. Кога на 82-годишна бабичка ѝ беше украден паричникот во супермаркет во Буњаковец, чесен граѓанин го пронашол и ѝ го вратил.

ubavi-momenti-2021-02.jpg

2. Теквондистот Дејан Георгиевски се натпреваруваше на Олимписките игри во Токио и освои сребрен медал, со тоа станувајќи најуспешниот македонски спортист кој се натпреварувал на Игрите.

ubavi-momenti-2021-03.jpg

3. Во септември, месецот за поддршка на дечињата кои боледуваат од рак, пред Клиниката за детски болести се собраа многу луѓе кои им пееја на децата во болницата со светилки во рацете.

ubavi-momenti-2021-04.jpg

4. Македонските фудбалери испишаа историја откако извојуваа победа над Исланд и се пласираа во баражот за Светското првенство во Катар кое ќе се одржи следната година.

ubavi-momenti-2021-25.jpg

5. Сузана Турунџиева покажа дека е жена со големо срце откако објави видео од нејзиниот час по ора и танци на коешто танцува со нејзина ученичка во инвалидска количка.

ubavi-momenti-2021-06.jpg

6. Горан Пандев го одигра својот последен натпревар, и тоа на Европско, а беше испратен со стоечки овации, како и дрес од капитенот на Холандија. Македонците, пак, ја покажаа својата неизмерна поддршка на Европското првенство – ги преплавија улиците во Букурешт и го потрошија целото пиво.

ubavi-momenti-2021-24.jpg

7. Анди Исмаили од Гостивар има само 12 години, но во 2021-ва по вторпат стана светски првак во модерен современ танц

ubavi-momenti-2021-16.jpg

8. Невена од Злетово ја покажа својата хуманост уште на 7-годишна возраст кога ја скрати нејзината коса за да ја донира за оние кои се болни од рак. Истото го направија и малата Гордана Димовска и Антонија Коцева.

ubavi-momenti-2021.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg