„Да им покажеме дека не се сами!“ – Луѓе пеат пред Клиника за детски болести во Скопје за дечињата болни од рак (фото+видео)

Септември е месец за поддршка на дечињата кои боледуваат од рак, а по тој повод од невладината организација САНО организираа прекрасен настан. Во саботата, 3-ти септември, пред Клиниката за детски болести се собраа група луѓе кои со светилки во рацете им пееја на дечињата кои престојуваат во болницата.

da-im-pokazheme-deka-ne-se-sami-lugje-peat-pred-klinika-za-detski-bolesti-vo-skopje-za-dechinjata-bolni-od-rak-foto-video-01.jpg

Толпата ја пееше „За овој свет“ од Тоше Проески, а од здружението САНО велат дека ист настан ќе се организира и следната сабота, односно на 11-ти септември.

da-im-pokazheme-deka-ne-se-sami-lugje-peat-pred-klinika-za-detski-bolesti-vo-skopje-za-dechinjata-bolni-od-rak-foto-video-02.JPG

На видеата и фотките споделени на Фејсбук профилот на здружението е повеќе од очигледно дека дечињата се пресреќни, а јавноста има само позитивни коментари за целиот настан.

da-im-pokazheme-deka-ne-se-sami-lugje-peat-pred-klinika-za-detski-bolesti-vo-skopje-za-dechinjata-bolni-od-rak-foto-video-03.JPG

da-im-pokazheme-deka-ne-se-sami-lugje-peat-pred-klinika-za-detski-bolesti-vo-skopje-za-dechinjata-bolni-od-rak-foto-video-04.JPG

da-im-pokazheme-deka-ne-se-sami-lugje-peat-pred-klinika-za-detski-bolesti-vo-skopje-za-dechinjata-bolni-od-rak-foto-video-05.JPG

„Пеевме за дечињата од хематологија. Секоја сабота во 20 часот ќе има пеење.

Го снимив видеото единствено за да знаете дека и вие некоја сабота можете да им ја развеселите вечерта на овие деца кои цела година немаат излезено од клиниката.

Вечерва имаше средношколци, родители на деца што победиле канцер, но и други граѓани како нас што едноставно сакаме да развеселуваме детски срца“, пишува во видеото објавено на Фејсбук од Бранка Костиќ Марковиќ.

Спирова С. | Црнобело / Фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Негрижата на властите - ризик по здравјето на децата! Во нашиот главен град Скопје и во неколку други градови во државата, квалитетот ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Три предвремено родени бебиња си заминаа дома од ГАК: „Севда, Алиња и Мира се храбри девојчиња“ Севда се роди со 750 грама, Алиња со 1.100, а Мира со 1.330 грама, а трите девој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg