Првиот херој! Гордана ја донираше својата плетенка за перика на детенце болно од рак на Детската клиника во Скопје
- Детали
- понеделник, 10 мај 2021
Браво Гордана Димовска! „Пристигна и првата плетенка која ќе биде дел од периката на некое детенце кое се лекува на Детската Клиника“, објавија од Здружението за поддршка на децата болни од рак, САНО.
Здружението за поддршка на децата болни од рак, САНО, започна акција за дечињата кои се борат со рак „Донирај ја својата коса и стани нечиј херој“.
Драги другари, На наша и ваша голема радост ви го преставуваме нашиот нов проект, а воедно и ПРВ од оваа област. И...
Posted by SANO on Saturday, May 8, 2021
За нечија коса да биде дел од перика за дечињата треба да биде подолга од 20 сантиметри и да биде природна, нефарбана.
Прва се огласи Гордана Димовска која ја донираше својата коса, плетенка од неверојатни 50 сантиметри. Секоја чест!
„Пристигна и првата плетенка која ќе биде дел од периката на некое детенце кое се лекува на Детската Клиника.
Гордана Димовска ни донираше коса долга неверојатни 50cm!
Браво!, напишаа од САНО.
Пристигна и првата плетенка која ќе биде дел од периката на некое детенце кое се лекува на Детската Клиника. Гордана Димовска ни донираше коса долга неверојатни 50cm ! Браво ! 😍
Posted by SANO on Sunday, May 9, 2021
С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos