Го замолила татко ѝ да ја пренесе со автомобилот, но за жал, татко ѝ дошол по неа од кафеана под дејство на алкохол и изгубил контрола над автомобилот. Се удриле во заштитна ограда, излетале од патот и завршиле во канал, а Милица по оваа незгода останала во инвалидска количка. Таа не може да оди, но собра храброст за првпат да објави фотографија во бикини со моќен апел. „Немој да заборавиш дека твоето тело не треба да биде нешто од кое се срамиш и е сосема во ред да биде облечено или соблечено толку колку што ти сакаш.“