Богати бивши сопрузи, се дружи со Цеца: Која е Маријана Матеус (50) - една од најбогатите и најубави Србинки?

Важи за една од најубавите жени во регионот, а на Инстаграм постојано се фали со раскошниот животен стил. Кружат гласини дека била неверна во двата брака, но и дека животниот стил сè уште ѝ го спонзорира првиот сопруг. Која е Маријана Матеус?

bogati-bivshi-sopruzi-se-druzhi-so-ceca-koja-e-marijana-mateus-50-edna-od-najbogatite-i-najubavi-srbinki-01.jpg

Маријана Матеус (50), родена во градот Врбас, е модна дизајнерка, писателка и една од најпознатите бизнис жени во Србија.

Важи за една од најубавите жени во регионот и постојано ја поврзуваат со разни познати личности.

https://www.instagram.com/p/CarGGV7sghD/

Таа зад себе има два неуспешни брака и 3 деца.

На само 17 години Маријана ја започнала врската со 17 години постариот Миодраг Костиќ, а на 19 се омажила за него и наскоро го добиле првото дете. Миодраг Костиќ е успешен бизнисмен и менаџер.

Во бракот со него добила 3 деца, а по разводот се омажила за германскиот фудбалер Лотар Матеус, но и покрај разводот со него, уште го користи неговото презиме. Инаку, нејзиното моминско презиме е Чолиќ.

Таа уште од најмала возраст покажувала наклонетост кон модата, а пред да се преселат во Њујорк, мајка ѝ редовно ја носела на модни ревии во Белград. Дипломирала на Академијата за уметност во Лондон, а има и диплома по педагогија.

Маријана на само 19 години, во 1990 година ја основала „Obuća Metro“, една од најпродаваните линии за чевли во Србија и регионот денес, а првата продавница ја отворила во својот роден град Врбас. Бизнисот го водела успешно до 1996 година, а денес овој синџир на продавници е огромен.

https://www.instagram.com/p/CZhtEBfM-P1/

Маријана беше во брак со навистина видни личности, па често паѓаше во нивната сенка, но никогаш не престана да работи на себе и својата кариера. Првата книга ја објави во 2010 година, а има организирано и низа успешни модни ревии.

Во двата брака ја следеа низа скандали дека и гласини дека е неверна.

Маријана Матеус во последните неколку години живее во Лондон, но и Белград и Будимпешта, а преку својот Инстаграм профил постојно споделува каков раскошен стил води. Кружат гласини дека првиот сопруг ѝ го финансира животниот стил, но таа тврди дека е финансиски независна.

Таа е во 50-тите години од животот, но изгледа две децении помладо.

„На сите ни се дадени 24 часа на ден, но начинот на кој ги користиме влијае на животните резултати. За мене вежбањето е активност која ми го ослободува умот и ми овозможува почист фокус“, вели Маријана.

Периодов таа е на одмор во атрактивната француска туристичка дестинација Сен Тропе, град кој се наоѓа на 104km источно од Марсеј на Азурниот Брег.

https://www.instagram.com/p/CgEHSIuIYkn/

Маријана се дружи интензивно со српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, а на 14-ти јуни по повод нејзиниот роденден објави фотографии со неа и ѝ посвети објава.

„Драга моја Цеца сакам заедно да се смееме, да се радуваме, да се сакаме и да бидеме сакани уште долги години. Да уживаме во секој ден, час и минута од овој прекраток живот, кој нема реприза. Од срце ти ја посакувам целата среќа.“

https://www.instagram.com/p/Cexuyf6IMsq/

Повеќе фотографии од раскошниот животен стил на Маријана на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Цеца и Теа Таировиќ ги кренаа на нозе гостите на Светски ромски бал во Скопје (видео) Вистинската забава на Светски ромски бал 2024 почна со настапот на Теа Таировиќ ...
Бившиот на Цеца очекува бебе со некогашната Мис Србија – се венчаа неодамна, таа е во добар однос со... Со фотка на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче и ехо снимка, Богдан Срејовиќ ...
Цеца за Анастасија: „Разбирам зошто не си доаѓа, најголемата болка годинава ја доживеав заради неа“ „Годината беше шаренолика. Имав многу успешни концерти, многу радости, среќа, а ...
„Бил украден од мртва девојка?“: Мистеријата за дијамантскиот ѓердан на Цеца И по 30 години, Цеца се труди да докаже дека морбидните приказни за ѓерданот што...
Цеца во „скромен“ аутфит од над 35.000 евра, Анастасија си дојде од Шпанија – Како се славеше раѓање... „Цел ден сум во истата облека, цел ден трчам и работам“ – им се пожали Цеца Ражн...
Сама се шминка за настапи, не ја бива за фризури - Цеца има свој „салон за убавина“ во куќата на Дед... Иако многумина веруваат дека за изгледот на Цеца се грижи огромен тим, пејачката...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg