„Бил украден од мртва девојка?“: Мистеријата за дијамантскиот ѓердан на Цеца
- Детали
- понеделник, 19 февруари 2024
И по 30 години, Цеца се труди да докаже дека морбидните приказни за ѓерданот што го носела во емисија се чисти измислици. Велат дека Аркан го украл од вратот на мртва девојка, а Цеца и денес тврди: „Приказните се одвратни – сама си го купив ѓерданот!“
Набрзо по свадбата со Жељко Ражнатовиќ Аркан, Цеца гостуваше во емисија кај Милован Илиќ Минимакс, а на себе носеше огромен дијамантски ѓердан, кој е предмет на дискусии веќе 30 години, затоа што наводно истиот бил украден од вратот на мртва девојка, а една жена директно се јавила во емисијата и го посочила тоа.
Според тврдењата, наводно во емисијата се јавила една жена која рекла дека станува збор за украден накит, кој Аркан го зел од вратот на нејзината сестра за време на војните во Босна и Херцеговина.
По 30 години, Цеца одлучи дека сега е време да ги прокоментира таквите тврдења и да раскаже што навистина се случило.
„Таа приказна е многу морбидна. Има 100 верзии на истата тема. Затоа што е премногу морбидна, не сакам сега да раскажувам што сум слушнала и како сум слушнала.
Што е најлошо, тоа никогаш не се случило и не е точно. Ѓерданот го имам и денес, го зачував затоа што е преубав. Тој ѓердан сама си го купив во Милано кога бев да си ја купам венчаницата“ – вели пејачката.
Цеца раскажува што навистина се случило во емисијата кај Минимакс и појаснува каква порака добила од гледачите.
„Тогаш се користеа пејџери за поставување прашања до гостите. И така, на пејџер стигна порака дека ѓерданот ми е многу убав и ме прашаа колку сум го платила.
Јас се заблагодарив затоа што е непристојно да се зборува за цени и цифри.
Потоа повторно гостував кај Минимакс и демантирав дека се случила таа болна и луда ситуација – дека се вклучила гледачка и дека рекла: ‘Вие го носите ѓерданот од мојата мртва ќерка, која почина во војната’... Мислам, одвратно е!“ – изјави Цеца, меѓу другото.
За Цеца оваа приказна е само теорија на заговор и нема никаква вистина во неа.
Б. С. Б. | Црнобело