Сама се шминка за настапи, не ја бива за фризури - Цеца има свој „салон за убавина“ во куќата на Дедиње (видео)
- Детали
- среда, 07 август 2024
Иако многумина веруваат дека за изгледот на Цеца (51) се грижи огромен тим, пејачката изненади со признанието дека секогаш се шминка сама.
Цеца Ражнатовиќ секогаш изгледа беспрекорно, без оглед дали е тоа на концерт, интервју, или кога оди на прошетка.
И иако многумина веруваат дека за изгледот на 51-годишната ѕвезда се грижи огромен тим, пејачката изненади со признанието дека секогаш се шминка сама за настапите.
Тоа го прави дома, во својот личен салон за убавина, кој се наоѓа во нејзината вила на Дедиње, а која има над 2.000m2.
На Инстраграм профилот LifeofCecaRaznatovic е објавено видео на кое пејачката седи на „фризерско столче“ додека ѝ ја средуваат косата, па вели:
„Еве како се подготвувам за концерт. Веќе се нашминкав. Секако, сама. Ама сè уште не знам да правам фризури“, вели таа.
„Ќе научиш“, ѝ одговара фризерот.
Тој открива дека покрај нив има и базен, па ја прашува:
„А знаат ли луѓето дека се наоѓаме во твојот салон?“
„Не знам, ама ќе дознаат“, му одговара Цеца.
А потоа, подготвена за концерт, пејачката излегува од дома.
Погледнете го видето:
А. Ј. | Црнобело