Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“
- Детали
- сабота, 02 ноември 2024
Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер, ненадејната смрт на татко му силно го погодила. Што знаеме за турскиот актер Џенк Торкун, кој го глуми Орхун во „Грешници“?
Турскиот актер Џенк Торун (50) секоја вечер имате можност да го гледате во турската серија „Грешници“ на македонските телевизии, каде ја толкува улогата на „суровиот Орхан“.
Актерот го глуми ликот кој секојдневно се одмаздува за смртта на својата сестра на девојката Хира (која ја ослободил од истата банда, чијашто жртва била и сестра му).
Серијата е голем хит во Турција, а и кај нас.
Што знаеме за турскиот актер?
Џенк е роден во Анкара во 1974-та година во семејството на познатата турска пејачка Нердан Торун и нејзиниот сопруг Енвер.
Студирал туризам и хотелски менаџмент на универзитетот во Мармарис, а паралелно зел и часови по глума во престижен културен центар во Анкара.
Во 1994-та година се појавил во музички спот, а во 1996-та година играл во серијата Çılgın Bediş, па така станал еден од најпознатите турски актери во 90-тите години.
Додека работел на серии и филмови, Џенк паралелно ја градел и кариерата во туризмот, па во еден период работел и како туристички консултант.
Во 2002-ра година заминал во војска за да го отслужи задолжителниот воен рок, а во една пригода призна дека непосредно пред тоа му била понудена улогата на Полат Алемдар во „Долина на волците“, но ја одбил.
„Денес жалам што ја одбив улогата и би можел да кажам дека тоа ми е најголемата грешка во животот.
Сметав дека мафијашките серии никој нема да ги гледа.
Како јас да глумам мафијаш, кога многу повеќе ми се допаѓаат улогите во кои глумам заводник?“ – рече Џенк во една пригода.
Дента кога се вратил од војска, актерот бил дочекан од семејна трагедија.
Неговиот татко кој бил разведен со мајка му, извршил самоубиство, скокајќи од мост над Босфор.
„Дента кога ме пуштија од војска, добив телефонски повик во кој ми соопштија дека татко ми се самоубил.
Нашите животи целосно се променија.
Не можев да работам неколку години. Не можев да поминам, по тој мост 2 години“ – раскажа во една пригода актерот.