Петар Грашо (45) и неговата сопруга Хана Хуљиќ (31) добија бебе, два дена по 51-виот роденден на Данијела
- Детали
- понеделник, 18 јули 2022
Сопругата на Петар Грашо, Хана Хуљиќ се породи неколку дена пред предвидениот термин, а хрватскиот пејач во тој момент не бил во Сплит, туку во Загреб. Интересно, но бебето се роди само 2 дена по 51-иот роденден на Данијела.
Петар Грашо (45) стана татко по првпат. Неговата сопруга Хана Хуљиќ (31) се породи во неделата (17.07) и на свет донесе здраво девојче на кое одлучија да му го дадат името Алба. Според информациите, пејачката се породи пет дена пред предвидениот термин.
Според најавите Хана требаше да се породи следниот петок (22.07.) кога Петар и таткото на Хана, Тончи Хуљиќ настапуваат на Fusion Festival во Сплит.
Хана се породила во болница во Сплит, а според информациите достапни во хрватските медиуми во моментот кога таа била пренесена во болница, Петар бил во Загреб, но веднаш тргнал да се врати во Сплит и да биде со својата сопруга.
„Сѐ помина во најдобар ред. Бебето е тешко 3.100 грама и долга е 50cm. Тоа се роди весело и здраво, а мајката се чувствува добро“ – потврди портпатолката на Петар Грашо.
Според информациите, пресреќниот дедо Тончи, на својата внука ѝ ја посветил песната Baci oko na mene.
Инаку, во изминатата година балканската јавност беше вчудовидена откако Петар Грашо стави крај на 24-годишната врска со пејачката Данијела Мартиновиќ и стапи во брак со 14 години помладата Хана Хуљиќ, која е ќерка на неговиот добар пријател Тончи Хуљиќ.
Интересно е тоа што малата Алба се роди само два дена откако Данијела Мaртиновиќ го прослави својот 51-ви роденден. Таа по разделбата со Петар целосно е посветена на сопствената кариера.
Неодамна најави дека пишува роман и објави нова песна.
Б. С. Б. | Црнобело