Први фотки и видео од тајната свадба на Петар Грашо и Хана Хуљиќ - „Се чувствувам како маж“

Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31) го кажаа судбоносното ДА во сплитската црква Св. Доминик – парот се заколна на вечна љубов пред членовите од најблиското семејство, како и кумовите.

prvi-fotki-od-tajnata-svadba-na-petar-grasho-i-hana-huljikj-se-chuvstvuvam-kako-mazh-01.jpgфото: Инстаграм

На церемонијата присуствувале родителите на Хана, Тончи и Вјекослава Хуљиќ, нејзиниот брат Иван, сестрата на Петар, уште неколку членови од најтесното семејство, како и кумовите на Грашо и неговите најблиски пријатели.

По излегувањето од црква, на прашањето на новинарите, гордиот сопруг со насмевка на лицето изјавил – „Се чувствувам како маж!“

Невестата заблеска во венчаница од сплитскиот моден бренд Arileo, надополнета со ракавици и елегантен кралски детаљ во косата, а Петар повторно ја покажа својата елеганција во темно одело со лептир машна.

По церемонијата во црква, парот заедно со своите најблиски се упати кон Ресторан Адријатик, каде била прославена нивната љубов, а од срце им се заблагодарија на репортерите за честитките.

Хрватските медиуми пишуваат дека свадбата до последен момент се одвивала во тајност и не се знаела локацијата на венчање, со цел да не бидат следени од папараци, но тие моментално се во центарот на вниманието, па ги фотографирале дури и случајни минувачи.

Среќниот пар е во исчекување на принова ова лето, а наводно најавиле дека по раѓањето на бебето, ќе направат голема свадбена прослава во Сплит.

Свадбената фотосесија, според хрватските медиуми, парот ја направил во Вила Хармони, на последниот кат, далеку од очите на јавноста.

Инаку, 45-годишниот хрватски пејач за првпат стапнува пред олтар. Претходно беше во врска со Данијела Мартиновиќ 24 години, но никогаш не веруваа во брак. 

Прочитајте повеќе: Заедно беа од далечната '97-ма и не застанаа пред олтар – Љубовта на Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ, кои се разделија по 24 години

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
„Сакам уште внучиња, но треба да почекам“: Тончи Хуљиќ по гласните дека ќерка му Хана повторно е бре... Низ хрватските медиуми брзо се прошири веста дека Петар Грашо повторно ќе стане ...
Помалку познати факти за Петар Грашо – има луксузен комплекс со апартмани, Оливер Драгојевиќ го оттр... Сигурно знаете које Петар Грашо, но дали знаевте дека во последен мимент одлучил...
Сопругата на Петар Грашо пак е бремена – пејачот од Скопје ги потврди убавите вести Пред помалку од 2 години ја добија ќеркичката Алба, а сега Петар Грашо потврди д...
Сопругата на Петар Грашо се сликаше во 8-иот месец од бременоста, па ги збуни сите: „Носиш близнаци?... „Дали Хана носи близнаци?“ Ова е прашањето што многумина си го поставија откако ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg