Заедно беа од далечната '97-ма и не застанаа пред олтар – Љубовта на Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ, кои се разделија по 24 години
- Детали
- петок, 07 мај 2021
Веста за разделбата помеѓу хрватските поп-ѕвезди Петар Грашо (45) и Данијела Мартиновиќ (49) одекна низ балканските медиуми. Парот реши да ѝ стави точка на врската која траеше 24 години.
фото: Инстаграм
Петар и Данијела се запознале во 1995 година на фестивалот Дора во Опатија.
Две години подоцна започнале љубовна врска, но никогаш не ја официјализираa со брак. Причината? Не им било потребно парче хартија за да чувствуваат дека се заедно и дека си припаѓаат еден на друг.
https://www.instagram.com/p/BLN7rGvgr8Y/
„Живееме доста слични музички животи кои нè влечат на сите страни. Исто така, таа патува многу поради настапите, а јас честопати сум отсутен, па луѓето со години нè прашуваа дали сме воопшто заедно и зошто не сме во брак. Само тоа нè прашуваат, а ние немаме одговор на тоа прашање. Малку ни е смешно затоа што никој никогаш не нè прашува дали се сакаме, дали се почитуваме, дали се караме или се гушкаме.
Најважно им е да знаат дали сме во брак. Бидејќи во нашето општество кога сте во брак, тогаш всушност сте официјални. Ние успеавме да ја задржиме интимноста во тој апсурд и воопшто не станува збор за криење на тоа. Ние формално не се вклопивме во некои дадени рамки, и сè во животот низ кое поминуваат оженетите, како и оние кои не се во брак, го доживуваат овие две лица по име Данијела и Петар“. - изјави во една пригода Петар.
https://www.instagram.com/p/COgTRflL1Cd/
Петар и Данијела беа еден од најпопуларните и омилените парови во регионот, а иако никогаш не споделуваа премногу за нивниот љубовен живот и интимните моменти ги чуваа за себе, сепак важеа за стабилен пар на естрадата, кој беше заедно 24 години.
Пред само 2 месеци, Данијела му го честиташе роденденот на Петар со емотивна порака на нејзиниот Инстаграм профил со неколку фотки.
„Нека ти е најсино… Нека ти е море. Среќен роденден“.
https://www.instagram.com/p/CMmO_Edl_Ek/?utm_source=ig_embed
Откако веста за нивното раскинување се прошири како шпекулација во медиумите од регионот, веста официјално ја потврди и Мартина Подгорски, лицето одговорно за односи со јавност на Петар Грашо.
„Вистина е дека Петар и Данијела последните месеци живеат на различни адреси, како заради работни обврски, така и од одредени лични причини.“
Пред врската со Грашо, Данијела три години била во таен брак со хрватскиот музичар Марко Перковиќ Томпсон, кој подоцна се преженил и има пет деца.
Повеќе ретро фотки од врската помеѓу Данијела и Петар (скролајте го слајдерот на страна за сите фотки):
(О)Милена | Црнобело