Северина и синот пресреќни на одмор - тој доби автограм од холивудска ѕвезда, таа вторпат го покажа неговото лице
- Детали
- петок, 22 јули 2022
„Мамо, мамо“ добив автограм од лошиот (Вуди Харелсон) во филмот „Venom“... Само еден од среќните мигови на малиот Александар за време на одморот со неговата мајка Северина (50).
Северина (50) е на летен одмор со синот Александар на хрватскиот остров Врник, од каде за првпат по долго време објави фотографија од лицето на синот.
https://www.instagram.com/p/CgCoRr7rT_H/
Сега, таа го стори истото по вторпат, а со својот наследник позираше во впечатливо бело фустанче со дезен инспириран од религијата.
https://www.instagram.com/p/CgOmP4ds2Uj/
Пејачката е таму и со своите пријателки и сите заедно минуваат незаборавни мигови.
Вооодушевени се што периодов Јадранот е место за одмор на многу холивудски ѕвезди, па тие позираа со некои од нив, меѓу кои е и Крис Рок.
https://www.instagram.com/p/CgMTsXQMDOw/
Нејзиниот син дури добил и автограм од Вуди Харелсон, актер кој глуми во филмот „Venom“.
„Каква среќа, ти благодарам море“, се само дел од описите на фотографиите од летниот одмор, кои ги споделува среќната Северина.
Летниот одмор на Северина:
Прочитајте ја и нејзината емотивна исповед „Ме спречуваат да бидам мајка“ - Северина на одмор со синот, му го покажа лицето на Инстаграм по долго време
С. С. | Црнобело