„Ме спречуваат да бидам мајка“ - Северина на одмор со синот, му го покажа лицето на Инстаграм по долго време
- Детали
- сабота, 16 јули 2022
Северина е на одмор со синот Александар на хрватскиот остров Врник. Таа по долги години затскривање на лицето на синот поради судските закани од нејзиниот поранешен партнер Милан, сега го покажа лицето на нејзиниот наследник Александар, кој е вистинска копија на мама.
Северина со фотографијата напиша:
„Мојот син и јас уживаме на прекрасниот остров Врник. На гугл може да видите и како еден од нашите министри позира гордо за списание со својата внука, па други политичари со децата.
Тие можат, тие немаат социјална служба која им говори дека тоа е штетно за децата. Но, ако јас му штетам на детето со објавување на фотографии, тогаш им штетат и тие, нели?
Но, мене ми се забранува да се гордеам со синот. Таткото на сите можни начини ме спречува да бидам мајка, па ми забранува и фотографии. Исти закони, но не и за нив. Поздрав“
https://www.instagram.com/p/CgCoRr7rT_H/
С. С. | Црнобело