Србинката Нина Сеничар се омажи за познат холивудски актер – се плашел дека невестата ќе го остави пред олтар, чекале 3 години за свадба (фото)
- Детали
- вторник, 19 јули 2022
„Отсекогаш знаевме дека сакаме да стапиме во брак во Италија затоа што таму ни беше првото заедничко патување“ – вели српската водителка и модел Нина Сеничар, која неодамна се омажи за холивудскиот актер Џеј Елис. Актерот признава дека се исплашил дека таа ќе го остави пред олтар.
Српската водителка и модел Нина Сеничар (36), на 9-ти јули се омажи за своето долгогодишно момче, актерот Џеј Елис (40), на интимна свадбена церемонија во Тоскана, Италија.
Свадбата се одржа во Villa Mangiacane, опкружена со лозја и маслинки, a магазинот Vogue објави посебна сторија и фотосесија од свадбениот ден на младенците.
Невестата носеше венчаница од Dolce & Gabbana, а изгледот го надополни со дијамантски обетки позајмени од нејзината најдобра пријателка и прстен наследен од нејзината баба, па рече:
„Чувствував како и таа да е до мене“.
На свадбата беше присутна и нивната 2-годишна ќеркичка Нора која фрлаше цвеќе.
Сепак, актерот кој е актуелен со улогата во Top Gun: Maverick тврди дека во еден миг пред да го каже судбоносното „Да“ почувствувал силна паника.
„Имаше еден момент додека стоев пред сите и чекав големата железна порта да се отвори и да ја видам Нина, но моментот се одолговлекуваше.
Затоа викнав на цел глас: ‘Душо, планираш да дојдеш?
Поминаа уште неколку мигови и Нина не ми одговори, па им реков на присутните: ‘Изгледа не сака да се омажи за мене, ајде ако некој друг сака да ја замени’.
Во совршен момент Нина викна: ‘Доаѓам’ и останав воодушевен кога ја видов за првпат во бел фустан“ – вели тој.
Инаку, Нина и Џеј се запознале во 2015-та година во бар во Лос Анџелес. По пет години забавување актерот ја запросил својата девојка додека биле на патување во Бали, а заедно ја имаат и 2-годишната ќерка Нора.
„Отсекогаш знаевме дека сакаме да стапиме во брак во Италија затоа што таму ни беше првото заедничко патување“ – открива Нина и додава дека уште тогаш ја нашле прекрасната вила во Тоскана, но заради светската пандемија нивните планови за свадба биле одложени.
Конечно, парот успеа да стапи во брак и да има тридневна свадба од соништата, на која присуствувале околу 190 гости, а ги венчал човекот што ги запознал – холивудскиот режисер Тони Мансила.
Погледнете повеќе фотографии од свадбата на следната страна...
Би можело да ве интересира:





