Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи од „Балканска приказна“?
- Детали
- недела, 26 мај 2024
„Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џигаџи ја даде откако се разведе од сопругот кого сама јавно го запроси по 6 месеци врска и со кого беше во брак само 1 година.
Македонската публика имаше можност да ја запознае преку улогата на Ѓулерсен во турската серија „Балканска приказна“, што се снимаше во Скопје.
Во серијата беше препознатлива по конзервативната облека што ја носеше, но во приватниот живот таа е ексцентрична личност која привлекувала внимание со нејзиниот по малку скандалозен живот.
Што знаеме за убавата турска актерка?
Гозде е родена во 1991-ва година во Истанбул, а потекнува од Измили. Во една пригода откри дека со мајка ѝ се мошне блиски, пред сè заради малата генерациска разлика.
Таа откри и дека израснала со баба ѝ, затоа што нејзините родители биле постојано на работа, а уште во основно училиште почнала да оди на драмска секција и го засакала театарот.
Била решена дека сака да стане актерка, па по завршување на средното образование се запишала на Факултетот за театарска игра во Коачели.
Уште како студент почнала да игра во серии и театарски претстави, а првата позначајна улога ѝ била во серијата „Величествениот век“.
Таа играла во повеќе познати турски серии, меѓу кои и во „Ќерката на амбасадорот“, пред да ја добие улогата во „Балканска приказна“.
Во 2019-та година, таа јавно на социјалните мрежи објави дека му предложила брак на своето момче Тумер Ѓулумсерлер, со кого претходно била во врска 6 месеци.
„Мислам дека ти си исклучокот и дека ти си бил создаден за мене. Зарем не сметаш дека е здодевно цел живот да се живее во исчекување? Од каде?
Не се ни прашав себеси. Зошто би морало тој да ми предложи брак? Нема одговор за ова.
Не е важно дали си маж или жена за ова... Сакам да го поминам животот со оваа личност.
Горда сум што си со мене, мој партнер со огромно срце. Секогаш остани таков. Инаку, тој рече: ’Да‘“ – напиша тогаш Гозде.