Маја Шупут на рајски одмор на хрватскиот остров Паг - сопругот ја држи во раце, на јахта со шампањ (фото)
- Детали
- сабота, 23 јули 2022
Од рајската вила на островот Паг, тие ги истражуваат и другите прекрасни места во Хрватска во раскошен стил со јахта... Маја Шупут ужива во бракот со сопругот бизнисмен и едногодишното синче Блум, кое го доби на 41 година.
Хрватската пејачка Маја Шупут месец јули го користи за летен одмор со семејството и пријателите.
Со сопругот, неколку години помладиот бизнисмен Ненад Татаринов, и синот Блум, кој Маја го доби на 41 година, уживаат во прекрасна вила на хрватскиот остров Паг, а оттаму со јахта ги посетуваат и другите бисери на нејзината татковина.
На фотографиите оттаму се гледа дека страста помеѓу Маја и нејзиниот сопруг е посилна од кога било.
Маја во првиот дел од годината имаше низа концерти, ТВ ангажмани, како снимање на талент шоу, па полнењето на батериите со најблиските ќе ѝ дојде одлично.