„Сопругот ме претепа поради кавга, која како и секогаш, изби поради неговата мајка. Најмалку 15 пати ме удри со рацете по глава сè додека не се онесвестив. Порано вакво нешто се нема случено...“, гласи дел од потресната исповед на Сара (19), жртвата на семејно насилство за која цел регион слушна, а која покрена лавина од жени да проговорат за семејното насилство што го трпат. „Вакво нешто не очекувавме, тој изгледаше како добро и фино момче“, вели пак мајка ѝ.