Се огласи сестрата на Uki Q, жртвата на насилство во Белград: „Сопругот ме претепа поради кавга за неговата мајка“
- Детали
- петок, 30 септември 2022
„Сопругот ме претепа поради кавга, која како и секогаш, изби поради неговата мајка. Најмалку 15 пати ме удри со рацете по глава сè додека не се онесвестив. Порано вакво нешто се нема случено...“, гласи дел од потресната исповед на Сара (19), жртвата на семејно насилство за која цел регион слушна, а која покрена лавина од жени да проговорат за семејното насилство што го трпат. „Вакво нешто не очекувавме, тој изгледаше како добро и фино момче“, вели пак мајка ѝ.
Сестрата на Uki Q, Сара, која живее во Белград на 28.09 била претепана речиси до смрт од сопругот.
Uki Q објави вознемирувачки фотографии и дел од објавата гласи: „Ѝ ја фатил главата и ѝ ја удирал од плочки, ја стискал за врат во обид да ја удави, а потоа ја мавал со рацете со сета сила. Го притискал бебето, старо 2 месеци...“ СТОП за семејното насилство!
Сега, Сара (19) собра храброст и за српските медиуми даде изјава во бруталното претепување од страна на нејзиниот сопруг. Тие се во брак од февруари годинава.
„Сопругот ме претепа поради кавга, која како и секогаш, изби поради неговата мајка. Таа ни се мешаше во односот, постојано го наговараше против мене и мојата мајка и навистина чудно се однесуваше кон него.
Се каравме со денови, а сега ми ја удри главата од плочки.
Тој често од мајка му добиваше совети како да се однесува кон мене, како да ѝ пречеше што тој има сопруга и дете. Тој за време на кавгата почна да го навредува моето семејство, па јас му возвратив во иста мерка и прокоментирав нешто за неговата мајка.
Почна да ме брка, да ме дави, а потоа ме фрли на плочките и почна да ме удира од нив.
Најмалку 15 пати ме удри со рацете по глава сè додека не се онесвестив.
Порано вакво нешто се нема случено. Се случило само да ме турне за време на кавга.
Инаку и нашето бебе имаше модринки, но мислам дека тие беа од претходниот ден додека тој ја лулаше нашата ќерка, а таа плачеше и беше нервозна поради грчевите. И тој беше исто така нервозен, па се сомневам дека тогаш ја стискал за задникот. Имаше модринки на него.“
За српските медиуми изјава даде и мајката на Сара, Данијела Маринковиќ, која вели дека нејзиниот зет 15 минути ја давел Сара и таа буквално се борела за живот.
„Вознемирена е, тешко голта од отокот, не се сеќава на сè. Вакво нешто не очекувавме, тој изгледаше како добро и фино момче, посериозно од своите врсници, постојано постеше и често одеше во црква, а испадна дека е монструм. Сакам да апелирам и другите жени да пријават насилство, за на ниту едно семејство да не му се случи тоа што ни се случи нас.“
Сопругот на Сара е уапсен и на сослушување, кај неа се констатирани лесни телесни повреди, а таа нема пријавено насилство над нивното бебе. Засега му е доделена забрана за пристап до Сара.
Тиктокерката Уна Каблар по објавување на немилиот настан со сестра ѝ објави дека многу жени ѝ пратиле фотографии од тоа како биле насилно претепани некогаш во животот.
„Не можете ниту да замислите колкава количина на престрашни и језиви фотографии добив во овие 24 часа од девојки и жени кои биле жртви на насилство. Боли кога ги гледате, многу боли... Не смееме да застанеме, јас нема да застанам, не се случува само таму далеку, утре може да ти се случи и на тебе или на некој твој близок. Не молчи! Стоп за насилството“
Прочитајте и Балканска тиктокерка: „Сопругот на сестра ми ѝ ја удирал главата од плочки, го стискал и бебето“ (вознемирувачко фото)
С. С. | Црнобело