Први фотки од Касандра во Белград - По 27 години се врати на Балканот, потрошиле 30.000 евра за нејзиниот престој
- Детали
- понеделник, 23 септември 2024
Голем број новинари и фанови се собраа синоќа на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, да ја пречекаат актерката која ќе остане запаметена како Касандра. Кораима Торес три дена ќе престојува во Србија, а ќе се појави во една од омилените српски серии.
Познатата актерка Кораима Торес (51), која на нашите простори ќе биде запаметена по улогата во хит-серијата од 90-тите „Касандра“, по 27 години се враќа на Балканот.
Таа синоќа (22.09), околу 23 часот пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде што ја пречекаа голем број новинари и обожаватели.
Инаку, актерката ќе игра во популарната српска серија „Igra sudbine“, каде што ќе толкува една од главните улоги.
Се очекува нејзиното појавување во серијата да предизвика уште поголем интерес кај публиката.
Касандра синоќа се појави во бордо комбинезон, а може да се види дека изгледа одлично и во шестата деценија од животот.
Според пишувањата во српските медиуми, колумбиската актерка во Србија ќе остане 3 дена, а продукцијата на популарната српска серија издвоила околу 30.000 евра за нејзиниот престој.
„Кораима остави длабок траг во срцата на публиката во Србија, кога ја толкуваше Касандра.
Многумина го помнат нејзиниот впечатлив лик и емоциите што таа ги пренесе на екранот.
Кога првпат предложив да ја донесеме Кораима во ’Igra sudbine‘, сите веднаш се сложија.
Иако често ни се чини дека го достигнавме максимумот што се однесува до серијата, нашата продукција секогаш наоѓа начин да ја изненади публиката.
Овој спој од старото и новото, актерката која одбележа едно време и модерната серија којашто доминира на сегашниот пазар, сигурно ќе ги воодушеви и новите и старите гледачи“ – изјави актерката Александра Белошевиќ која го дала предлогот познатата колумбиска актерка да игра во серијата.
Прочитајте и Го освои Балканот со улогата на Касандра, борба со тумор - Како изгледа и што прави денес Кораима Торес ?
За потсетување, актерката ги посети земјите на Балканот во далечната 1997-ма година, кога уживаше мега-популарност на овие простори, заради улогата во серијата „Касандра“.
Освен што ја посети Србија, Кораима, тогаш беше и во посета на Македонија, а голем број Македонци се собраа на плоштадите во Скопје и во Охрид за да ја видат одблиску нивната омилена актерка.
Прочитајте и Фото-спомени од времето кога Касандра и Ранду дојдоа во Македонија – илјадници луѓе ги дочекаа
Б. С. Б. | Црнобело