Го освои Балканот со улогата на Касандра, борба со тумор - Како изгледа и што прави денес Кораима Торес?
- Детали
- понеделник, 24 мај 2021
Со неа започна трендот на следење теленовели на Балканот. Серијата „Касандра“ беше првата латино-американска серија што се емитуваше на Балканот, а го отвори „апетитот“ на публиката за следење теленовели. Речиси и да нема некој што не се сеќава на актерката Кораима Торез што во 90-тите години се стекна со светска слава токму по улогата на главниот лик во серијата, Касандра.
Оваа теленовела имаше 150 епизоди и постигна голем успех ширум светот, а особено во Србија, Македонија, Бугарија, Русија, како и во други држави. Серијата Касандра влезе во Гинисовата книга на рекорди како телевизиска серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави.
Во 1991 година кога почнала да се снима серијата Касандра, која се емитувала во дури 128 држави, Кораима Торез имала само 19 години, а наскоро (на 6-ти јуни) годинава ќе го прослави својот 48-ми роденден. Таа е родена во Венецуела во 1973-тата година.
Во својата кариера таа играла во повеќе теленовели во Колумбија, Перу и Аргентина.
Неколку факти за неа:
Живее во Колумбија заедно со сопругот Николас Монтеро и сè уште се занимава со глума
По светската слава со „Касандра“, Кораима се преселила од родната Венецуела во Колумбија каде играла во серијата "Sueños y espejos". Нејзин партнер во серијата бил колумбискиот актер Николас Монтеро, со кого стапила во брак во 1996-тата година. Заедно со него таа има еден син.
Нејзиниот сопруг Николас Монтеро е постар од неа 7 години. Тој е колумбиски театарски и телевизиски актер, а во моментов е актуелен секретар за култура, рекреација и спорт, на градот Богота.
Сепак, медиумите не стивнуваат и речиси 30 години подоцна ја потпрашуваат дали некогаш имала нешто со Освалдо Риос, партнерот од серијата „Касандра“. Таа вели дека со Риос сè уште е во пријателски односи и додава:
„Никогаш не сакав актер, но ми се случи спротивното, се омажив за актер, се вљубив во него надвор од сетот на снимање."
Кораима сè уште се занимава со глума. Во текот на минатата година, кога започна светската пандемија со ковид, таа требало да започне да игра во театарска претстава, но поради мерките за проширување на пандемијата улогата ја играла од својот дом.
https://www.instagram.com/p/CEbu77zlH4m/?utm_source=ig_web_copy_link
Борба со тумори
Во интервју за програмата „I know everything“ на Channel 1 во 2018-тата година таа откри дека претходно ѝ биле најдени тумори на телото, но по извршената биопсија било откриено дека туморите се бенигни.
Како и да е, таа редовно оди на контроли и ја следи состојбата. Доказ за тоа е и последната објава на социјалните мрежи, каде објави фотографија од последниот мамографски преглед.
До фотографијата таа напиша:
„Минатата недела започнав со прегледите. Сакам да ви кажам дека мојот мамограф и ултразвук на дојка поминаа добро. Поради моите тумори, мора да извршувам прегледи на секои 6 месеци.
За мене е тешко секогаш кога ќе ме допрат (малку ме плаши), но важно е да правите соодветни тестови, да се допирате еднаш месечно, да разберете дека навремена проверка може да ви го спаси животот.“
Погледнете како изгледа Кораима Торез денес:
https://www.instagram.com/p/CJ5_mNDloFT/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело