Белград е претворен во зимска бајка: Божиќен маркет, лизгалиште на отворено (фото)

Белград е секогаш одличен избор за викенд патување, но во времето на празниците, има посебен шарм. Затоа, ако немате планови за овој или следниот викенд, заминете во соседството и уживајте во белградската зимска бајка...

belgrad-e-pretvoren-vo-zimska-bajka-bozhikjen-market-lizgalishte-na-otvoreno-foto-01.jpg

Белград веќе неколку недели живее во духот на новогодишните и божиќни празници. Градот е накитен и осветлен со илјадници сијалички, елки, украси...

Од кафулињата се слуша празнична музика, а локалците и туристите се топлат со чашка греено вино или чај и уживаат во празничната атмосфера.

Недостасува уште снегот за градот да делува како да е од зимска бајка.

И покрај тоа, Белград во декември е супер (викенд) дестинација - блиску е, има одлично сместување за евтина цена (ако немате родни или пријатели кај коишто можете да преспиете), превкусна храна, одличен ноќен живот, но и божиќен базар кој нуди забава за сите генерации.

Ако Белград е вашиот избор, тогаш вистинската зимска идила ќе ја доживеете со посетата на „Белград на вода“.

Во куќарките на божиќниот базар ќе можете да си купите уникатни сувенири, да вкусите топло чоколадо, да се згреете со ароматично вино или да се насладите со нешто благо и вкусно.

Ако знаете да лизгате, тука е и лизгалиштето на отворено, а ако сакате добра забава, посетете некој од концертите што се организираат.

Погледнете дел од атмосферата преку фотките објавени на Инстаграм:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Локал во Белград е како сцена од празнична бајка Годинава повторно се хит црвените лампиони и класичните зелени елки и, се разбир...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Татко ѝ се самоубил, доби дете со хрватски актер – Факти за актерката Јована Стојилковиќ Сите ѝ велеле да го следи славниот дечко кој станал кошаркар во НБА и да си зами...
Убава и успешна: Како изгледа денес и што прави најстарата ќерка на Горан Бреговиќ? Свири клавир, но никогаш не помислила да ги следи стапките на татко ѝ туку има п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg