Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот брат на Војаж?
- Детали
- вторник, 02 април 2024
Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од својот приватен живот, а неговиот постар брат Василије е вистинска енигма, иако според многумина, тој е дури позгоден и од популарниот трап-пејач.
Војаж е еден од омилените пејачи од „новиот бран музика“ кај публиката.
Тој е син на Милан Веруовиќ, телохранителот на Зоран Ѓинѓиќ, кој исто така беше застрелан на 12-ти март за време на атентатот врз тогашниот премиер на Србија.
Младиот пејач редовно објавува фотки со мајка му Жана, а неговиот брат Василије е вистинска енигма за јавноста, иако од ретките фотки што Војаж ги објавува со него, многумина коментираат дека и двајцата браќа изгледаат подеднакво добро и се посветени на својот физички изглед.
За Василије не се знае многу, освен дека е повозрасен од својот популарен брат, а нивната мајка во далечната 2004-та година раскажа дека со него имала мошне тешка бременост и дека преживеала вистински кошмар за време на породувањето.
„Нашиот прв син Василије беше високоризично бебе. Со него ја одржував бременоста цели 9 месеци за на крај да биде роден пребрзо, без знаци на живот.
Беше на апарати за вештачко дишење, со минимални шанси да преживее, па дури и ако се случи тоа, се сомневаа дека ќе има големи последици.
Девојката што беше со мене во собата му се јави на сопругот да му каже дека се породив. Тој веднаш се јави во болница и му рекоа дека со мене сè е во ред, но дека детето е во соба за реанимација“ – раскажа Жана.
Таа понатаму надополнува каква била реакцијата на нејзиниот сопруг кога ги слушнал лошите вести.
„Милан втрча во болницата, но не сакаа да го пуштат. Почека некое време, па потоа ја разби врататa и додека се пробивал до мојата соба му повикале обезбедување. Успеа да дојде до бебето“.
Сепак и покрај лошите прогнози, Василије израснал во здраво момче.
Од фотките што Војаж ги објавува понекогаш на Инстаграм може да се види дека двајцата браќа се многу блиски и дека го користат секој миг што можат да го поминат заедно.
Пејачот во една пригода го прокоментира односот со неговиот брат, па рече:
„Тој е целосно друг свет. Студира право, учи по цел ден и ги полага сите испити во зададениот рок. Паметен е, елоквентен и начитан.
Не се појавува во јавност, но секогаш е со мене. Не го интересира да биде јавна личност. Има животни цели што сака да ги исполни и го поддржувам во тоа. Доаѓа на моите настапи, секогаш кога има време“.
Во продолжение погледнете уште некои од нивните заеднички фотки, што пејачот ги објавил до сега:
Б. С. Б. | Црнобело