Мајка му е на секој настап, внимателен е со девојките: Војаж – културното момче што ја освои Србија (фото)
- Детали
- сабота, 29 јануари 2022
Неговиот татко Милан Веруовиќ бил повреден за време на атентатот на покојниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, Војаж живеел во Франција, беше во врска со Бресквица – кој е младиот рапер што ја освои Србија?
Михајло Веруовиќ Војаж (Voyage) е млад рапер, композитор и текстописец кој ја освои Србија.
Роден е на 1-ти септември 2001 година и живее во Белград. Но, од 2-годишна возраст се преселил во Франција со неговата мајка и брат, поради безбедносни причини. Неговиот татко Милан Веруовиќ бил повреден за време на атентатот на покојниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.
Војаж во многу интервјуа вели дека детството во туѓа земја воопшто не му било лесно, но дека мајка му се борела многу за него и неговиот брат да ги насочи на вистинскиот пат.
Инспириран токму од животот во Франција и од тоа „патување“ кое го направило личноста што е денес одлучил да го користи прекарот Војаж (Voyage), што значи пат/патување на француски.
Уште како мал основал група со другарите, но потоа продолжил да гради соло кариера.
Најголема популарност стекна со Анѓела Игњатовиќ, позната како Бресквица. Со неа првата заедничка песна ја објавија во октомври 2019, а беа и во љубовна врска.
Добија низа награди како „откритие на годината“ и „Јутјуб ѕвезди“ и беа вистинска тин атракција.
По разделбата, Војаж ја продолжува успешно својата кариера, а во интервјуата постојано сака да им пренесе вистински морални вредности на своите фанови. Се однесува културно, вели дека не консумира алкохол, дека не сака љубовни авантури, туку сериозни врски, и дека неговата мајка оди на секој негов настап.
https://www.youtube.com/watch?v=3KMX_3i1Z0w
Фотографии од него:
С. С. | Црнобело