Потег за почит: Жена од Сплит нуди бесплатно сместување за мајка со дете кои немаат пари за летување

„Би сакала да се пријави мајка со дете, по можност детето да има година до година и пол за да може да се дружи со моето, а мајката и јас да сме во слични фази, па да имаме теми за разговор“, пишува сплиќанката која сака да остане анонимна, а нуди бесплатно сместување во својот дом.

poteg-za-pochit-zhena-od-split-nudi-besplatno-smestuvanje-za-majka-so-dete-koi-nemaat-pari-za-letuvanje-01.jpg

На хрватската Фејсбук група „Тајни на мајките, анонимни и јавни“ една објава деновиве привлече многу внимание.

Во групата, во која повеќето жени споделуваат свои искуства или поставуваат интимни прашања, една анонимна предизвика воодушевување.

Имено, жена од Сплит, нуди бесплатно сместување за мајка и дете кои не можат да си дозволат да одат на летување бидејќи немаат пари, а нуди и да им го плати и патот од нивното место на поаѓање до Сплит.

„Поздрав драги мајки. Живеам во Сплит, а бидејќи сопругот ми е често на терен, со недели сум сама со мојата ќерка во голем стан.

Па дојдов на идеја да угостам некоја мајка со дете, кои немаат пари да отидат на море. Имам гостинска соба, имам автомобил, а плажата ни е на 5 минути со автомобил.

Би сакала тоа да биде само мајка со дете, по можност детето да има година до година и пол за да може да се дружи со моето, а мајката и јас да сме во слични фази, па да имаме теми за разговор“, пишува жената.

poteg-za-pochit-zhena-od-split-nudi-besplatno-smestuvanje-za-majka-so-dete-koi-nemaat-pari-za-letuvanje-03.jpg

Таа открила дека е на породилно отсуство и дека има многу време, но и дека има еден услов за мајката што би дошла на „гости“ кај неа:

„Е, да, единствениот услов е ни мајката ни детето да не се плашат од големи кучиња, бидејќи имам едно дома. Ако сте заинтересирани, ве молам оставете ми ја во коментар вашата возраст и возраста на детето.

Ако имате две деца и тоа нема да е проблем, ако со себе донесете патно креветче за бебето. Се надевам дека на овој начин ќе стекнам ново пријателство.

Исто така, ни патот не е проблем да го платам ако се договориме за останатото“, пишува во објавата.

poteg-za-pochit-zhena-od-split-nudi-besplatno-smestuvanje-za-majka-so-dete-koi-nemaat-pari-za-letuvanje-02.jpg

Овој анонимен статус предизвика многу пофалби и позитивни реакции.

„Кога би имало повеќе вакви луѓе“, „Прекрасен гест“, се дел од коментарите.

А има и такви кои велат дека би сакале да ја дознаат и разврската на приказната, па побараа од анонимната мајка во некој иден пост да раскаже како си поминале.

А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com 

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg