„Свести се жено, имаш дете“ - Ана Николиќ ги загрижи фановите со изгледот (фото)
- Детали
- петок, 30 септември 2022
„Жено, прибери се, овој стил воопшто не ти одговара“ – стои во дел од коментарите до фотографиите што српската пејачка Ана Николиќ ги објави на социјалните мрежи. По пишувањата дека пејачката има проблеми со зависноста од алкохол, нејзините следбеници се видно загрижени.
Српската пејачка Ана Николиќ (44) на подолго време се повлече од јавноста, но постојано наоѓа место во медиумите заради нејзините објави на социјалните мрежи.
Пред извесно време беше топ тема во балканските медиуми заради војната со помладата колешка Милица Павловиќ, а сериозно ги загрижи своите следбеници откако објави неколку необични фотографии на социјалните мрежи.
Таа одлучи да објави повеќе фотографии на кои дотерана се влече по земја, со цигара во уста и со очила, а дел од нејзините следбеници го поставуваат прашањето дали таа е под дејство на алкохол и опојни супстанци.
Прочитајте и Скандал и конфликт со Милица Павловиќ, познат криминалец ѝ ја финансирал кариерата – Факти за Ана Николиќ
Подолго време во српските медиуми се провлекува приказната дека пејачката има проблем со алкохолот и дека нејзините најблиски ја убедуваат да оди на рехабилитација, па така фотографиите објавени на Инстаграм предизвикаа лавина од коментари од нејзините следбеници кои се видно загрижени за нејзината состојба.
„Некој нека ѝ помогне, каде ѝ исчезнаа сите пријатели“.
„За жал овој стил и однесување ме потсеќа на Ејми Вајхаус. Толку талент и харизма, а пропаѓа... Се надевам дека конечно ќе се отргнеш и ќе сфатиш дека овој стил не ти одговара. Сакам да ја видам онаа старата Ана“.
„Баш ми е жал кога ќе видам како некој сам се упропастува, Ана, имаш дете, животот може да биде убав, немој да го правиш ова“.
„Ана, не е срамота сама себеси да си признаеш (дека имаш проблем) и да побараш помош од стручни лица“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, за потсетување Ана Николиќ претходно беше во брак со српскиот музичар Стефан Ѓуриќ Раста, со кого ја има ќерката Тара (5).
Прочитајте и Факти за Раста - бившата сопруга Ана Николиќ со клуч му го уништи автомобилот, важи за српски крал на „Auto-Tune“ музиката
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело