Скандал и конфликт со Милица Павловиќ, познат криминалец ѝ ја финансирал кариерата – Факти за Ана Николиќ
- Детали
- недела, 03 јули 2022
Јавно призна дека осуден српски крминалец ѝ позајмил пари за да го сними првиот албум, со Николија направи спот што беше забранет за малолетници, а деновиве е топ-тема во српските медиуми заради конфликтот со Милица Поповиќ и украдената песна – факти за Ана Николиќ.
Српската пејачка Ана Николиќ (43) деновиве е топ-тема во српските медиуми заради конфликтот со нејзината колешка Милица Павловиќ. Двете пејачки најверојатно конфликтот ќе го решаваат по судски пат, а битката е заради песната Provereno.
Песната Provereno се најде на новиот албум на Милица Павловиќ и веднаш стана хит, а само неколку дена подоцна се појави демо снимка на YouTube на која Ана Николиќ ја изведува истата нумера.
Милица гостуваше во емисијата „Амиџи Шоу“ каде јавно ја обвини Ана дека ѝ ја украла песната.
„Срам да ѝ е заради името и заради кариерата.
Пред недела дена го почитував ликот и делото на Ана Николќ, ги сакав нејзините песни, а кога бев мала ја гледав неа на телевизија и се замислував себеси како таква ѕвезда.
Прво затоа што таа ја објави демо-снимката, а второ на својот канал на YouTube ја објави како своја песна“ – обвини Павловиќ.
Прочитајте и Мајка ѝ ја напуштила додека била 3-месечно бебе, шпекулации дека е невина – Факти за Милица Павловиќ, ѕвездата на „Певачица“
Ана и натаму продолжува да ја пее песната на настапите како своја, а вели дека за да се одговори на прашањето како песната завршила кај Павловиќ, треба да се консултира музичкиот продуцент.
„Станува збор за авторите, односно музичките продуценти затоа што тие се главни и одговорни во студиото кои ја нудат песната. Јас одам во студио и велам направете ми УСБ.
Мене никогаш порано не ми се случило да ми излезе една нота. Тоа е прашање за продуцентите“ – порача таа.
Инаку, ова не е првпат Ана да биде топ тема во медиумите заради скандали. Од нејзиниот брак со Раста, до тепачката со Манда Поповиќ, погледнете неколку интересни скандали во кои Ана била вклучена досега.