Милан Поповиќ со нови напади: „Северина ги сака моите пари, не се грижи за доброто на детето - таа не е стабилна мајка“

По обвинувањата дека Северина има ментални нарушувања, Милан Поповиќ оди чекор понатаму... „Северина сака да земе половина од сè што поседував во тој период кога бевме заедно. Сите нејзини прашања се сконцентрирани на мојот имот, а не на доброто на детето. На нашето дете му е потребна здрава, стабилна и самостојна мајка...“, вели тој.

milan-popovikj-prodolzhuva-so-napadite-severina-gi-saka-moite-pari-ne-se-grizhi-za-dobroto-na-deteto-taa-ne-e-stabilna-majka-01.jpg

Бившиот свршеник и таткото на синот на Северина, Милан Поповиќ, не сопира со нападите кон пејачката.

Овојпат тој оди дотаму што ја обвинува дека е нестабилна и несамостојна и дека од него сака само пари и имот, а не се грижи за доброто на синот.

Првиот дел од неговата исповед прочитајте го ТУКА.

Вториот дел од неговата исповед за порталот Pink.rs:

„Мислам дека неа намерата ѝ беше да земе од мене повеќе од тоа што сакав да ѝ дадам за алиментација (10.000 евра ѝ плаќам). Ги анализирам фактите.

Таа во тужба сака да се утврди постоење на вонбрачна заедница и сака да земе половина од сè што поседував во тој период кога бевме заедно.

Сите нејзини прашања се сконцентрирани на мојот имот, а не на доброто на детето. Судењето повеќе се врти околу имотот, отколку околу детето.

До ден денес не сум добил замерка дека лошо се грижам за детето, ниту од Северина, ниту од нејзиниот ПР тим.

Но, јас пак имам многу замерки за однесувањето на Северина кон детето, но не смеам многу да зборувам. Законски тоа не ми е дозволено.

Фактот дека детето се плаши да контактира со мене во нејзино присуство е застрашувачки за мене. Детето да не може да сподели со мене дури и да треба нешто да му се помогне во некоја критична ситуација, прашање е дали ќе ми се јави во тој миг или стравот ќе го спречи да изреагира и тоа ме загрижува.

Тој проблем не може да се реши, единствено кога детето ќе порасне и само ќе го држи својот живот во своите раце. На дете од 13, 14 години не можете да му објасните некои работи.

Јас упорно тврдам дека Северина не е самостојна, а тоа и Игор Којиќ го потврди во неодамнешно интервју. Нејзиниот ПР тим ги носи сите важни одлуки за неа, а јас категорично одбивам да се договарам со нив околу својот син.

На нашето дете му е потребна здрава, стабилна и самостојна мајка која ќе работи во интерес на нашето дете. Тие луѓе гледаат само интерес и не се со неа затоа што Северина им е мила, туку главниот интерес им е профит и само профит.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg