Милан Поповиќ со нова скандалозна исповед: „Стравувам дека детето ќе ми настрада oд Северина“

„Факт е дека постојат некои ментални нарушувања кај Северина, но тоа треба да утврдат вештаците и тоа да се презентира пред центрите за социјална работа.  Некој кој има такво нарушување може да нанесе штета и на ближните и моја должност како родител е тоа да го спречам...“, тврди Милан Поповиќ.

milan-popovikj-so-nova-skandalozna-ispoved-stravuvam-deka-deteto-kje-mi-nastrada-poradi-severina-01.jpg

Бившиот свршеник и таткото на синот на Северина, Милан Поповиќ, не сопира со нападите кон пејачката.

Овојпат тој оди дотаму што ја обвинува дека има ментални нарушувања и наводно тој самиот стравува за безбедноста на нивниот син.

Дел од неговата исповед за порталот Pink.rs:

„Јас сум цело време во контакт со сестрата на Северина – Маријана, но со мајка им Ана не сум затоа што таа е под влијание на Северина, изманипулирана е“, вели Милан.

„Мислам дека ПР тимот на Северина интензивно работи на тоа да ме оцрни, за да ме истераат од Хрватска и судот да не може да ми го додели детето. Се обидуваат да ми припишат најлоши карактеристики, само за некои работи да не дојдат до судот за да може да се донесе одлука во корист на Северина.

Факт е дека постојат некои ментални нарушувања кај Северина, но тоа треба да утврдат вештаците и тоа да се презентира пред центрите за социјална работа.

Некој кој има такво нарушување може да нанесе штета и на ближните и моја должност како родител е тоа да го спречам. Се плашам од агресивно однесување од нејзина страна кон нашиот син. Кај Северина се гледа прогресија на состојбата и испадите ѝ се случуваат многу почесто и многу поинтензивно.

Ако е во состојба да ја нападне родената сестра и да ѝ се заканува дека ќе ја убие, а потоа со остар предмет да ѝ отсече прст, значи дека ниту роденото семејство не ѝ е светост. Логично е да се замислам и загрижам.

Дали она може да добие некој таков напад додека е сама со детето и детето може да настрада“, вели Милан кој дава 10.000 евра алиментација за синот Александар.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
„Цела година го крие разводот, арогантен е и тежок“ – Што велат соседите за разводот на Милан Калини... „Тој е успешен, познат, згоден, младите девојки го сакаат тоа. Немам убави зборо...
Северина чита книга за нејзиниот „филм“ на јахта - и зрачи со сексапил на Малдиви „Пред сто години Северина сними ‘филм’ кој ја оживеа преку ноќ покојната Југосла...
Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg