Северина чита книга за нејзиниот „филм“ на јахта - и зрачи со сексапил на Малдиви
- Детали
- среда, 22 јануари 2025
„Пред сто години Северина сними ‘филм’ кој ја оживеа преку ноќ покојната Југославија. Жената направи голем чекор за себе, уште поголем за жените. Се покажа во полн сјај. Прекрасно тело, волшебна насмевка, ентузијазам, младост“ - пишува во книгата што Севе ја чита додека се опушта на Малдиви.
Хрватската ѕвезда Северина повторно е на Малдиви.
Таа „избега“ од студот во Хрватска и замина на одмор на егзотичните острови.
А времето на Малдиви го минува во многу забава.
Преку Инстаграм, таа откри дека вози велосипед, игра билијард, вежба, трча на плажа, но и дека ја чита книгата „Да умреш без стрес“ од Ведрана Рудан.
А во неа, едно поглавје ѝ е посветено токму на Северина и нејзиното секс-видео по кое дури и оние што не знаеја за неа, го дознаа нејзиното име.
Ова поглавје се вика „Северина, Тито, јахта и јас“.
„Пред сто години Северина сними ‘филм’ кој ја оживеа преку ноќ покојната Југославија. Се избришаа сите граници во ‘регионот’.
Зјапавме во Северина онака како што го гледавме погребот на Тито, без текст.
Кога некој би ги прашал Југословените, кои веќе не се тоа, што ги возбудило најмногу откако ги ‘имаме’ тие наши земји, никој нема да се сети на големите настапи на господинот доктор Туѓман, урлањето на дипломираниот економист Милошевиќ, имињата на останатите фирери ги заборавив.
Настапот на Северина нема да го заборавам. Жената направи голем чекор за себе, уште поголем за жените.
Се покажа во полн сјај. Прекрасно тело, волшебна насмевка, ентузијазам, младост...“.
Северина и денес, на 52 години изгледа скоро исто, со извајано тело и зрачи со сексапил.
Таа сподели и неколку фотографии од Малдиви на кои во прв план е нејзиното згодно тело, па доби комплименти дека е како „девојченце“.