Северина прослави бајковит 53-ти роденден на село - со синот и со вториот најважен маж во нејзиниот живот
- Детали
- петок, 25 април 2025
Игор Којиќ во една пригода за овој маж изјави дека тој бил виновникот за нивниот развод. Но, Северина ги остави бившите зад себе и сега ужива во животот со полн здив, a секој миг со синот ѝ е скапоцен.
Северина го прослави својот 53-ти роденден на село, опкружена со членови на семејството и најблиските пријатели.
Се разбира најважниот гостин ѝ беше нејзиниот син Александар, но покрај него и нејзиниот менаџер Томица Петровиќ, кој години наназад се грижи за неа и буквално бдее над неа.
„Девојката од село го прослави роденденот...“, се пошегува таа во описот на видеото и фотографиите од прославата кои ги објави на Инстаграм.
Томица дефинитивно е вториот најважен маж во животот на Северина, после нејзиниот син Александар.
Игор Којиќ за Томица во една пригода изјави дека тој бил виновникот за нивниот развод: „Не ни го отежнуваше животот толку Милан, колку што константните сугестии на најблискиот соработник на Северина, Томица, околу целата ситуација со Александар“.
Инаку, додека беше во брак со Игор Којиќ, Северина ја прекина соработката со Томица, но набрзо по разводот повторно се помирија и објави фотографија на која танцуваат заедно.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





