Сања Вучиќ искрена за борбата со вишокот килограми и со Хашимото: „Сѐ уште се гледам како дебело девојче, им простив на тие што ме малтретираа“
- Детали
- понеделник, 10 октомври 2022
„Мојата приказна може да се спореди со приказната на грдото пајче. Кога ќе погледнам во огледало, сѐ уште се гледам како дебело девојче. По борбата со килограми, се појавија проблемите со тироидната жлезда. Тие што знаат за што говорам, знаат дека за овој проблем е потребна посебна исхрана и режим. На терапија сум и не смеам себеси да си дозволам некои работи“ – открива српската пејачка Сања Вучиќ.
Денес важи за една од најатрактивните пејачки на српската и балканската естрада и мами воздишки со сопствениот изглед, но Сања Вучиќ (29) открива дека како дете се соочувала со врсничко насилство, а најчесто била мета на критики и коментари заради вишокот килограми.
Таа за српските медиуми говореше искрено за случувањата од периодот додека растела, а интересно е што не носи горчина во себеси за луѓето што ја злоупотребувале и ја навредувале, а за себеси вели дека иако во периодот на пубертетот успеала да се избори со вишокот килограми, денес сѐ уште трпи последици затоа што кога ќе се погледне во огледалото, таму го гледа тоа „дебело дете“ на возраст од 12 години.
„Мојата приказна може да се спореди со приказната на грдото пајче. Од полничко девојче израснав во нормална девојка. Уште во пубертетот почнав да се извлекувам, да водам сметка за килограмите, а потоа се појавија проблемите што ме натераа повеќе да внимавам.
Ми се појавија проблемите со тироидната жлезда. Тие што знаат за што говорам, знаат дека за овој проблем е потребна посебна исхрана и режим. На терапија сум и не смеам себеси да си дозволам некои работи“ – вели Сања.
Сања вели дека често ѝ се случува да има големи осцилации во тежината, а симптомите на Хашимото болеста се исцрпеноста, нервозата, заморот и како што вели, се труди луѓето околу неа да не забележат дека нешто се случува со неа.
„Сега кога стекнав популарност, на социјалните мрежи ми се јавуваат луѓето што ме злоупотребуваа додека бев мала. Децата се деца, секако, тоа не е оправдување, но траумите што ги имав од тој период ги разрешив уште во средно училиште.
Тоа е периодот кога се формираме како личности и сфаќаме што сме правеле како помлади. Моите силеџии и јас денес сме во супер односи и тоа е во ред.
Тие луѓе го обележија мојот живот на овој или на оној начин, поминав преку сѐ, затоа што има и полоши работи“ – рече таа и додаде дека го осудува секој вид насилство, но дека не може да влијае врз воспитувањето на другите.
Прочитајте и Факти за Сања Вучиќ од Hurricane - боледува од Хашимото, како дете била полничка и жртва на врсничко насилство
Погледнете ја целата исповед на Сања во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело