Љубовниот живот на Сања Кужет: По разводот му се врати на бившиот, сега чекаат второ дете
- Детали
- сабота, 27 јануари 2024
„Бевме на летување на Крит, цела дружина, и сите нешто се ‘муваа’ едни со други. Тој пробуваше нешто, ама не ми беше интересен“, вели омилената српска водителка Сања Кужет за партнерот Немања и која откри дека е третпат бремена.
Водителката на „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет, важи за една од најубавите, но и омилени ТВ лица во Србија.
Таа неодамна ја изненади јавноста кога откри дека е бремена со своето трето дете и дека наскоро ќе прави пауза од снимањето на музичкото шоу.
Сања Кужет е во поодмината бременост, a има два сина, Страхиња и Андрија. И третото дете ќе биде машко, иако во едно скорешно интервју таа откри дека би сакала да има и ќерка.
Што знаеме за љубовниот живот на Сања Кужет?
Иако не зборува често за приватниот живот, Сања неодамна откри детали за врската и бракот со првиот сопруг, но и за сегашниот партнер.
Популарната водителка зад себе има еден брак, со Зоран Пипер, кој траел само една година.
Парот се запознал во компанијата во која работеле и двајцата.
„Нè зближија времето поминато заедно и околностите, но и неговата упорност да ме освои. Тоа подоцна резултираше со брак.
Ние всушност и немавме многу заеднички обврски на работа, па и не комунициравме премногу кога бевме на работа.
И покрај тоа, се разведовме пријателски, а тој е постојано вклучен во животот на нашиот син.
Навистина не можам да кажам ништо лошо за него, освен тоа што не успеавме да ја одржиме брачната заедница, љубовта исчезна“, кажа Сања.
Со сегашниот партнер Немања Живојиновиќ се запознала кога имала 21 година, а тој 23. Но, во тоа време не ѝ бил интересен, па не му обрнувала внимание.
„Бевме на летување на Крит, цела дружина, и сите нешто се ‘муваа’ едни со други, но тој и јас не.
Тој пробуваше нешто, ама не ми беше интересен. Јас бев многу тешка и комплицирана - каква сум, добро е и што се омажив“, изјави таа во едно интервју.