Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“

Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за името Перун. Огњен Амиџиќ откри како дошол до идејата за уникатното име на својот син, а на Инстаграм ја сподели и неговата прва фотка.

ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-od-novorodeniot-sin-ima-kosa-kako-prvache-01.jpg

Српскиот ТВ водител Огњен Амиџиќ и неговата 20 години помлада сопруга Мина Наумовиќ Амиџиќ ја објавија првата фотка од новородениот син Перун, а сите погледи се вперени во косата на бебето, бидејќи друго не се ни забележува, со оглед на тоа што го кријат лицето.

ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-od-novorodeniot-sin-ima-kosa-kako-prvache-02.jpg

Огњен и Мина објавија фотка од синот на Инстаграм Стори, во која му го скрија лицето со бело срце, па не може да се види на кого личи, но забележително е дека малиот Перун дошол на овој свет со густа црна коса.

„Има коса како прваче. Ви благодарам на сите за убавите честитки“ – напишаа на шега на фотката.

ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-od-novorodeniot-sin-ima-kosa-kako-prvache-03_1.jpg

Инаку, Мина се породи во саботата (09.03), а Огњен вчера (12.03) беше во породилиштето за да ги земе синот и сопругата дома.

Мина пред камерите се појави во бело кимоно, а не ја криеја среќата што конечно го добиле синот и што си заминуваат дома како семејство.

ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-od-novorodeniot-sin-ima-kosa-kako-prvache-04.jpgфото: Јутјуб - принтскрин

Претходно Огњен во изјава за медиумите појасни зошто одлучиле на синот да му дадат необично име, според врховниот бог на старите Словени.

„Јас долго размислував за тоа име и кога ѝ го предложив на Мина, веднаш ѝ се допадна. Кога го спознав ‘Перун’ веднаш реков дека тоа е тоа.

ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-od-novorodeniot-sin-ima-kosa-kako-prvache-03.jpgфото: Јутјуб - принтскрин

Моето име е Огњен, јас во 80-тите не познавав ниту еден Огњен кој е постар од мене. Долго време ми беше чудно. За мене Перун има добра симболика, не сум ни слушнал дека некој се вика Перун, но го имаме тоа име во семејството, сестра ми има син со истото име“ – појасни тој.

Огњен потенцира дека неговиот постар син Матеј е пресреќен што има брат, затоа што постојано посакувал да добие помало братче.

ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-od-novorodeniot-sin-ima-kosa-kako-prvache-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Перун е копија на мама и тато“ - Огњен Амиџиќ на летување со сексапилната сопруга и синот Огњен дефинитивно ужива максимално летово со 20 години помладата сопруга Мина. П...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg